Ne, autofanot ne chini zoshto ne diga 4ta brzina...
Она што сакам да го истакнам во врска со фановите кај Mitsubishi (и со аутофанот) е тоа што работат на начин на кој не сме навикнати па ако сакате не работат како на кинеските клими (сите кинески, да не се налути љутава братија од „таборот“) со постојани варијации во брзината. Барем не чујни како кај нив.
Пластичен пример:
Наместена на 24 со фан на 3-ка, во собата постигнала 24 и се изгаснала. При следното пуштање не почнува со 3-ка вентилатор туку го засилува до 3-ка до постигнување на саканата температура. Ова го прави толку неусетно што практично поминува незабележано.
Аутофанот не засилува толку приметно но во позадина се случува нешто друго. Ја засилува снагата. Па така на тој привиден „аутофанот заглави на двојка“ температурата на издув се зголемува постепено па кога е постигната максималната температура на издув (60 и кусур) почнува да го зголемува фенот (и протокот на воздух се разбира) со
намалување на снагата таман да даде 50-ина степени и така до постигнување на температурата.
Ова фино го постирав неколку страни наназад и тоа напишано од инжинер на Mitsubishi и тоа подробно.
Стварно е заморно да демантираш неискусни корисници кои одокативни „и по слух“ носат закључоци. И сега што следи?
Стрелец, кој едвај чека да прочита вакво нешто, да бомбардира во следните постови како Mitsubishi се тиња со реториката „Нели ви реков!! Џабе купувате јапанци“
Дека autofanot работи имам несоборливи докази кои му ги понудив на Стрелецо ама некако не ми трзна.
Со логови од самата клима (кои нема да кажам како се отчитуваат), со стробоскопи, анемометри, мерачи на потрошувачка и останати „ситници“
За да не се малтретирам повеќе уште ќе го додадам следното:
На ранг листа на „нон Нордик“ клими на прво место се MSZ-FH моделите па 2 празни места, MSZ-SF и уште едно 5 празни места па потоа (ЕВЕНТУАЛНО) моделите на кинеските производители.
Ранг листа во кои се опфатени сите аспекти а не само COP, бивалентни температури и слично.