Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
А да престанете да си ги "мерите" може ?
Ако знаете помогнете им на тие што бараат совет и помош, а за мерење барајте си друго место

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Сеа и златко и стрелчо сакаш да ги изнервираш и да не пишуваат веќе на темава.. дај ти се молам :(
Ова со вакумирањето го доведовте до молекуларно ниво, страшна работа.
Порано се вакумирале климите? o_O Па помал им бил животниот век?
90% од монтерите се приучени мајстори што немаат опрема(вакумерка) за вакумирање, а другите 10% имаат ама не прават ако ти не им кажеш дека сакаш. Тоа што значи, дека климата ќе си биде под гаранција и ако не се направи вакумирање. Така што ако вакумирањето не е воведено како неопходен метод при монтирање клима тоа така и ќе се третира, така и ќе си остане.
Претпоставувам дека влагата и меурчињата ги испуштаат на крај од монтирањето коа ќе ја пуштат да работи климата и неколку пати ги олабавуваат(да издишат) приклучоците на бакарните цевки во надворешната единица. Дали со ова го компензираат вакумирањето или ова е нешто друго?
Јас не знам зошто пробувате да го релативизирате ова со вакумирањево. Во право си дека не треба да се прави баук ама ако не се направи вакумирање односно ако не се извлечи воздухот од линијата ништо од перформансите и животниот век на климата.

Ако не требаше да се вакумира тогаш сите сами ќе си ги местеа.


Пред неколку стран напишав дека мајсторите прибегнуваат кон една сељачка финта за да скратат на време.
Пуштаат фреон низ линијата се додека не се почне да излегува на другиот крај. Демек воздухот се истиснал од фреонот.
Порано вака правеа
 
Комшијата ке му ја монтирал за 500ден поефтино....да ама со 1м инсталација и кратки носачи...па тогаш и гаранцијата нека му ја покрие комшијата нели ?
 
Пуштаат фреон низ линијата се додека не се почне да излегува на другиот крај. Демек воздухот се истиснал од фреонот.
Порано вака правеа
Тоа е тоа значи, сеуште така прават
 
Грее како бренд и сервис во последниве години предничи пред другите, пред се мислам дека успехот се должи на селекцијата на квалитетни монтери кои работат и големи проекти за Грее, вложени се големи напори и средства да се селектираат квалитетни монтери кои се оспособени да монтираат од основни инвертер системи па се до VRV, ТПумпи и Чилери...создадена е една профи екипа која е обучена за овие системи и момците си ја вршат работата за која се едуцирани.
Дел од таа екипа има завршени големи проекти за Грее и е обучена директно во фабриката на Грее во Кина, а обуките во МK им се редовни.
Оние кои веќе имат Грее клими верувам ке ги препознаат момциве на сликите овластени монтажери за Грее.
Еве и неколку слики:

Тимот на Грее Македонија во фабриката GREE Zhuhai China 2019та
Kina1.jpg
Обука одржана во фабриката на Грее - Кина 2019та
Kina2.jpg
Редовна годишна Обука во МК 2019та
Obuka1.jpg Obuka2.jpg
 
Еднаш засекогаш да расчистиме дека 5,5-ка умее да повлече 14 ампери па и повеќе (има и такви модели)
Потоа да не заборавиме дека живееме во Македонија каде што каблите се со катастрофален квалитет. Некогашните 3x1,5 по YUS не се исти со сегашните.

Згора на се нема никаква штета ако се стави 3x2,5 наместо 3x1,5

И кога се повикуваш на табели за пресек редно е да има и колкава тежина има на метар должина (обично се изнесуваат на 100 метри)

И последно еве и ти да видиш
Прегледај го приврзокот 217837
Број на проводници, номинален напречен пресек
mm²
Максимален отпор на проводник на 20⁰CНадворешен дијаметар (приближно)Нето тежина (приближно)Отпорност на изолација на 70⁰Cпакување - калем
3x1,513,39,41080,010100
3x2,57,9811,41670,009100
4x119,59,0940,010100

еве ти и тежини и отпорност на 20 целзиусови степени математиката понатаму знаеш да ја направиш претпоставувам.

само дај одлучете се климиве "кога си ги мерите" ви модулираат со 250W а кога треба напојувачки кабли >3250W.
 
Здраво, дали знаете на кој начин нај економично би се затоплила просторија од 25м2?
 
Здраво, дали знаете на кој начин нај економично би се затоплила просторија од 25м2?
Со Парапетна клима 5.5кв. На невидено кажано.

И шатор од 25м2 би згреала, така да - тоа е најсигурно.
 
Ау како се зафркнав што го гледав Ма. Залудно потрошени 100 минути од животот....
 
совет за избор помеѓу овие три шпорети?
 
совет за избор помеѓу овие три шпорети?

Првиот, ем најевтин, ем најмоќен
 
Од прилика колку би ми дошла месечна сметка со таа инвертер клима ?
 
I mene toa me interesira. Ne e loso nekoj sto ima iskustvo so ova da pise kolku bi troseli(mesecna smetka izdrazena vo denari) klimi od 3kw 5kw i 7kw i kolku bi bila mesecna smetka dokolku se koristi 24 saaati
 
Зависи од просторот, не толку од климата. Затоа неможе да се одговори

Но може да се каже ако знаеме колку трошеле пред тоа.

Значи ако еден стан трошел 9000 денари месечно со панелки, тој месец со инвертери ќе е 3500 денари. Рецимо јануари. За Март ако трошеле 3000 денари, со инвертери ќе е 900 денари.

Тоа е SCOP при соодветна моќ на климата.

А зошто неможе да се каже:
1. Стан од 38м2 со Даикин FXTF50 без изолација, стари дрвени прозорци одозгора трска. Ќе троши 1.5х5х24х30=5400 денари.
2. Исто време стан во соседната зграда со ПВЦ прозори и стан испод и изнад ќе троши 0.4х5х24х30=1500 денари.

Истата клима, ист месец исто се 3 пати разлика. Затоа што просторот е различен. И бара различно оптеретување од климата. Исто ќе е и со панели и со дрва. Еден простор користи 3кубика, друг 1 кубик. Итн.

Климата ќе потроши најмалку денари по испорачан киловат час топлина. Тоа е тоа што треба да се гледа. А не колку пари ќе потроши. Згора на се некој сака 22ц, некој друг сака 27ц дома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom