- Член од
- 10 декември 2018
- Мислења
- 390
- Поени од реакции
- 664
Со вакумирањето се извлекува воздухот (и влагата во него) од цевките и внатрешната единица преку надворешната единица.@FlegmaFX @tzlatko
Дајте пред да продолжите да се докажувате,за понеискусните членови објаснете првин:
Дека климата уствари не се вакумира,туку се вакумираат цефките т.е. тие фамозни 3-5 метра што ги баеме цело време!
Дека и внатрешната и надворешната се вакумирани уште во фабрика(и тоа саглам како што треба!) со тоа што надворешната е наполнета со фреонот,а внатрешната со инертен гас.
За да не читаме и понатаму глупости за “вакуум меури” и незнам што друго.
Внатрешната единица не е вакумирана. Тоа јасно се гледа кога ќе ја купиш. Тие цевки се отворени што значи дека во нив има воздух иако може (но и не мора) да има заштитни капачиња од пластика заради нечистотија.
Постојат веќе вакумирани сплит клими. Таквите клими доаѓаат со цевките приклучени на внатрешната единица.
Маната им е што доаѓаат само со одредена должина на цевки и не може да се продолжуваат од очигледни причини.
На корисникот останува само да ги заштрафи на надворешната единица и да ги отвори сервисните портови за фреон.
Еве како изгледа таква DIY клима
MrCool DIY 24K Mini-Split Heat Pump Air Conditioner Installation
Major upgrade for our new shed. The Mr. Cool DIY requires no HVAC work for installation. The lineset and compressor are pre-charged with refrigerant. Simply ...
www.youtube.com
еве како се монтира
Installing a DIY Mini Split AC System by Mr. Cool
Mr. Cool shows you how to install a mini split DIY AC system. It's Easy!
www.youtube.com
И уште еднаш да кажам и конечно да се разреши мистеријата со вакумирањето. Вакумирање МОРА да има со специјална пумпа. Дали оваа постапка е нешто езотерично? НЕ! Дали мора да се направи? ДА! Дали ова се одразува на животниот век на климата? ДА! И на животниот век и на перформансите
Кажано беше погоре. Ако се утне оваа постапка потребно е испуштање на фреонот и ставање на нов (затоа што овој се измешал со воздух) и повторно вакумирање.