Прашање до познавачите на Гри, поврзано со електричната инсталација до уредите.
Лани монтирани Хансол и Амбер, двете 3.5ки, од иста екипа, поврзани од штекер прво во внатрешна единица, па потоа во надворешна заедно со цевките и цревото кои водат низ зид.
Пред некој ден, монтиран уште еден Амбер, но оваа екипа го поврза обратно, од штекер прво во надворшна па потоа во внатрешна единица, притоа нагласуваќи дека така е правилно инаку надворешната единица не добивала доволно енергија и не се искористувал целиот потенцијал.