Ако ја ставиш на ифеел на 23 и на убаво место ќе си тера цело лето и 3.5кв.
Ама ако сакаш да ја малтретираш по балкански тогаш и 5.5кв може да е мала. Се ужежало се сите ѕидови и предмети на 29ц, ти се враќаш од работа и ја палиш во 17ч, она дур олади ќе се сокине од работа, ќе бучи, жената ќе ја гаси дека и "дува". Нервите искинати, ништо несработено дека неможеш да се движиш низ објектот оф препотеност. Се бањате секој ден, џабе пак тече пот после 5 минути. Па на бањати она ќе изгаси клима, уште толку жештина.
Вечерта "он" ладел со црево. Тоа надвор 26 степени вечерта не се седи, уште влага 90% направил, не се живее...
За балканското треба ОН/ОФ 7кв клима за 25м2, или две 7кв за 35м2. Само така ќе може да симнат две 7кв од 29ц ужежан простор на нормални 23ц за 30 минути и да ги изгасиш.
Затоа има незадоволен народ, и слично. Незнаат да ги користат климите и често им се монтирани на погрешно место.
Ако ја заборавиш дека е уклучена ќе е како што треба. Јас кога сум на одмор климата не ја гасам. И кога ќе дојдам ќе си е се како што треба, наместо да чекам само што дојден од пат да влезам во рерна од 29ц и да ми фучи клима на максимум наредни 5 саати едвај да олади, а вечерта креветот врел не се спие од што се усвитило се на 29ц внатре, а ѕидовите 33ц неможат да се оладат 2 дена.