- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.443
- Поени од реакции
- 15.907
За ладење не ти треба фери-то, ломото ќе ти заврши работа.Здраво на сите.
Планирам да купувам клима којашто ќе биде скоро исклучиво за ладење.
Се работи за стан, на последен (7ми) спрат, со постара (мада солидна) дрвена дограма.
Собата која што ќе се лади е дневна од околу 33m2, но која што има две врати, кон ходник и кон кујна, коишто ќе бидат постојано отворени.
Живеам во Скопје.
E сега, бев во салон и дечкото таму беше супер и ми објасни се, но би сакал да чујам и ваше мислење колку да не ми биде мисла.
Бев тргнат да купам Gree LOMO LC GWH12QB-K6DNB4I, меѓутоа мислењето на дечкото беше дека таа би била преслаба за мојата намена и дека најдобра опција за мојот буџет би била Gree Fairy GWH12ACC-K6DNA1D.
Ме интересира кое е вашето мислење за ова, и дали има некој којшто лади слична просторија како мојава со Gree LOMO-то и колку е задоволен.
Второ, дали ми се исплаќа да земам инвертер клима којашто ќе биде само за ладење?
И трето, дали на една клима и е потешко да лади простор или да го загрева? И дали спецификациите на климите за препорачана квадратура се базирани на едното или другото, или можеби некој просек?
Фала однапред.
Поздрав.
Он-офф не би ти препорачал, за 7000 плус имаш комоција 10+ години или 700 денари годишно, е сега ако си лимитиран со кеш, и тоа врши иста работа. Плус, во преодни периоди ќе си загреваш 33м2.
.

