Флегшип си е флегшип! Како да споредуваш еС-класа со Е-класа(мерцедес),и двете се добри ама ес-класа си е ес-класа!
Амберот е нов модел и за него тешко ќе најдеш искуства,а Хансолот има многу контрадикторни корисници-некој ептен го фалат,некој се жалат.
Краунот од друга страна е подолго време на пазарот,беше популарна клима и за него имаш многу напишано како корисничко искуство.Јас би тргнал од тоа... на крај краева затоа и сме тука на овој форум.Оти хартија трпи се,ама статистички искуствата се сепак побитни(не може се да се намести,лошиот глас надалеку се слуша).
Еве според мене Краунот испред амберот и хансолот,јас така би играл независно што на хартија е “послаб”.
Ако добро разбрав круната е во залез и најверојатно ќе биде заменета со нов модел.
Атер на постојаната аналогија со коли: дали новата Е класа е полоша од еС претходен модел?
Имам чувство дека вработените во Грее не сакаат да ни кажат како се споредува круната со амбер, што им дава право на сите кои пишуваат дека „најдобра клима од Грее е таа која е во моментот на промоција“.







