Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
U Crown ја има според мене најубавата внатрешна единица! А и климата е докажана(постар модел на р410),се продава(ше) низ цела европа и е топ! За 1000€ подобро нема,а митсубиши ЛН во споредба е 1800€ и ништо не е подобра за тие пари!

@Strelec гледаш дека немам агенда?! Што е добро треба да се пофали.
 
Супер понуда :)

Само не ми е јасно: покрај ова понуда зошто некој би гледал Амбер или Хансол 18ки?
 
Последно уредено од модератор:
60k za chinese unit !!??? za dacia ti bi dal 20.000 euro so milion opcii i da leta nad voda ?? ne bi rekol !!?? isto e i tuka.
 
60k za chinese unit !!??? za dacia ti bi dal 20.000 euro so milion opcii i da leta nad voda ?? ne bi rekol !!?? isto e i tuka.
1000 еур флегшип 18ка? Со што би ја споредил? Која е поефтин флегшип!?

Стакло е цената, језда е модел во залез, ама тоа во светот на климите е океј и одлична зделка и да сум за зимање би ја таксал веднаш! Незнам колку залиха имаат, ама се надевам имаат!

Вакви зделки и клими ќе не спасат од вечно труење! Само нека има и нека се троши. Мерак ми е кога ќе си земе некој флегшип и ќе се стори со салам клима. А башка 18ки се ретки и ова е кец на десетка. Особено за наш народ научен на 27 степени зимно време што живее во промаја прозори.

А ова откога ќе им заштеди за 1 година цела сума на климата, ќе се освестат. Ама ова се бара реално.
 
И на клими.мк е намалена по иста цена.

https://klimi.mk/sporedba.php?id1=113&id2=250&id3=265

По спецификации испаѓа дека амбер:
помалце троши,
има поголема моќност,
поголем проток,
потешка е.

(последните две точки се едни од најчестите аргументи на стрелец и другарите)

Дали круната подобро модулира?

Нека пишат Стрелец и останатите.

Ако оваа круна е подобра од амберот да знајме да ја препорачваме на други.
 
Нели гледате дека залихи трошат на стар модел со р410. Абе истата финта ви ја прават 3 години и пак не ги разбравте. Секогаш кога има распродажба конкретната клима е најдобра во цел свет плус на марс, таму и вода произведува кога кондензира...

U-CROWN e во TOP5 за USA маркет препорачани модели за 2018/2019 и со стартна цена од 2500$ за 9.000бту моделот

Овие ги заебаа и Трамп и Обама и Путин. Во УСА 2500 евра во МКД 1000. Не бе не е можно...
 
Нели гледате дека залихи трошат на стар модел со р410. Абе истата финта ви ја прават 3 години и пак не ги разбравте. Секогаш кога има распродажба конкретната клима е најдобра во цел свет плус на марс, таму и вода произведува кога кондензира...

Овие ги заебаа и Трамп и Обама и Путин. Во УСА 2500 евра во МКД 1000. Не бе не е можно...
Дека се направи револуција во климиве, па старо е лошо... Секој би зел стара ФХ, ЛФЦА место нивните замени.

А маркетинг ко маркетинг, никад у корист на потрошувачите, среќа постојат форумиве па можеме да издвоиме "промоција" од промоција.

Оние со Фуџитсу еден ист "попуст" имаат 5 години, ни "флаерот" не им е сменет, грда слика у пеинт, единствени што мрдаат со цени се Грее и Сетек.

Другите имаат очигледно големи фирми и проекти и не се замараат со граѓани, цени до плафон па кој воли нек изволи.
 
60k za chinese unit !!??? za dacia ti bi dal 20.000 euro so milion opcii i da leta nad voda ?? ne bi rekol !!?? isto e i tuka.
На работа имаме службени Дастери.Ги растурија од возење,механика топ,Рено дизел,ништо не се расипува и одржавањето е ефтино.Лоша поента вадиш со Дачија ;) да имам 20к за нова кола,Дастер ќе си купам.

И на клими.мк е намалена по иста цена.

https://klimi.mk/sporedba.php?id1=113&id2=250&id3=265

По спецификации испаѓа дека амбер:
помалце троши,
има поголема моќност,
поголем проток,
потешка е.

(последните две точки се едни од најчестите аргументи на стрелец и другарите)

Дали круната подобро модулира?

Нека пишат Стрелец и останатите.

Ако оваа круна е подобра од амберот да знајме да ја препорачваме на други.
За Краунот не ви треба ни Стрелец ни никој да ви каже.На сите форуми по светот ја има,и е исклучително ценета.

Нели гледате дека залихи трошат на стар модел со р410. Абе истата финта ви ја прават 3 години и пак не ги разбравте. Секогаш кога има распродажба конкретната клима е најдобра во цел свет плус на марс, таму и вода произведува кога кондензира...

Овие ги заебаа и Трамп и Обама и Путин. Во УСА 2500 евра во МКД 1000. Не бе не е можно...
@Некој иако често се согласувам со тебе,искрено сега си грешка.Настрана тоа што се случува на форумов,климата е топ иако е од Грее.
А и на повеќе наврати се дискутирало за “постарите” модели на р410 vs р32 и заклучок е дека добра клима си е добра клима.Ако не се лажам и Сарарата е уште на р410 ;)
 
^
Треба малку осет да се има... И Енергија долго време пишуваа цена инбокс, па се научија да даваат конкретни цени.
Она што ме нервира е што се зема нешто добро (пример бог знае каков модел на U Crown бил препорачан за топ5 во УСА, плус во тоа ревјуата секој може да си пиши што му душа сака) и уште се тврди дека тоа што во УСА го земаш за 2500 евра во МКД специјално за нас сега е 1000.

Башка нигде не пишав дека моделот не чини, можеби е стварно супер клима, но нели Амберот беше најдобро нешто?? од каде сега овој модел па и толку форсирање за него?
 
Затоа јас прашувам.

Конкретно сценарио: некој сака ја купи најдобрата 18ка од Грее, која да ја земи?

Затоа и прашувам како се споредува оваа круна со амберот и хансолот (сите 18ки) ама некако ги нема денес Стрелец и другарите :)
 
Намерно се испуштени Chris Hemsworth, Chris Evans, Chris Pratt во таа слика или ми се причинува?
 
Затоа јас прашувам.

Конкретно сценарио: некој сака ја купи најдобрата 18ка од Грее, која да ја земи?

Затоа и прашувам како се споредува оваа круна со амберот и хансолот (сите 18ки) ама некако ги нема денес Стрелец и другарите :)
Флегшип си е флегшип! Како да споредуваш еС-класа со Е-класа(мерцедес),и двете се добри ама ес-класа си е ес-класа!
Амберот е нов модел и за него тешко ќе најдеш искуства,а Хансолот има многу контрадикторни корисници-некој ептен го фалат,некој се жалат.
Краунот од друга страна е подолго време на пазарот,беше популарна клима и за него имаш многу напишано како корисничко искуство.Јас би тргнал од тоа... на крај краева затоа и сме тука на овој форум.Оти хартија трпи се,ама статистички искуствата се сепак побитни(не може се да се намести,лошиот глас надалеку се слуша).
Еве според мене Краунот испред амберот и хансолот,јас така би играл независно што на хартија е “послаб”.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom