Сметка за јануари 4500. Во споредба со декемвриската која што беше 2500, значително повисока, но климата не ме изневери дури и на ладните битолски ноќи од -20 (и помалку) степени. Ја работев на 23°c ауто кога не сме дома, а дома 25°c ауто или 3/4 брзина кога ни беше потребно потопло (после капење или кога од ладното ќе се приберевме дома). Температурата на другиот крај од собата (5m) беше од 21.5°c до 23.5°c константно. Дефрости колку што можев да забележам дури бев дома, во најладното беа на 2 - 2.5 саати, по 4-5 минути стандард. Кога малку затопли (-5°c до 0°c) и кога падна магла, дефростите зачестија (на саат, саат и пол), но мислам дека беа пократки, некаде по 2-3 минути. Една вечер го имав истиот „проблем“ како
@Fikshe1989 , ме разбуди гласното крцкање од климата, најверојатно поради наслагите од мраз перката зафаќаше, но по 15тина минути (после дефрост), звукот значително се намали и можев повторно да заспијам.
Шеќер да ги јади гркот парите што му ги дадов за климата. Ќе пробам да го убедам дедото да стави барем еден инвертер во куќата, барем за преодните периоди да не пали ќумбиња уште од октомври.