- Член од
- 16 јануари 2013
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 8.339
Се јавив во ics group 30 минути разговор, по што се заклучи дека тие го имаат истиот модел rxf50b2v1b. Ми рекоја дека тој е моделот што се увезува во Македонија. На моето прашање зошто го немаат rxf50a2v1b не добив одговор. Цената била иста тие биле ист модел.
Им реков дека ако цената е иста јас би сакал да си порачам rxf50a2v1b, на што ми одговорија дека незнаеле дали можи да се порача требало да се праша-незнам каде.
Значи на официјалната страница од на ics group според димензиите и тежината што е напишана за надворешната единица тие го објавуваат rxf50a2v1b , но го продаваат rxf50b2v1b.
Македонска превара пријателе, бог знае каде му е склопувана оваа клима
https://www.daikin.eu/en_us/products/RXF-A.table.html
https://www.daikin.eu/en_us/products/RXF-B.table.html
А верзијата има полнеж од 1.4кг гас, а Б верзијата 0.90кг
Јас да сум на твое место би им ја вратил климата затоа што пишуваат едно, а продаваат друго, притоа манипулираат што има врска една буква исто е, ама не е исто. Ова ќе дојде како да купиш кола со 1.4 мотор и да ти шитнат 1.0, притоа да ти речат исто е и едното има тркала и другото...
Нормално кај неук народ ко нашиот ова ќе помине, но кога веќе си тука и знаеш со што си се соочил, треба да реагираш!