Има некој мерења од Lomo Eco? Се грее или пригрева некој со неа? Вади ли температура? Мрзне ли? Надворешната поголема е од ЛЦЛХ, а и по тежина е иста. И плус ЕУ лабелата ако е таа, а треба да е, вика 3.2kw за 4.0COP. Бајаги занимливи параметри, особено што рецимо нема греач кој би трошел дополнително струја, што е битно ако се работи за споредна клима.
Имено, со климиве толку е поефтино греењето наспрема порано со котел на струја да е смешно. Пред некое време ми дојде идеја да наштрафам една клима на скалите за и ходникот да ми е топличок/ладничок. И пак сосе греени скали ќе е многу поефтино.
За таму ми влагаат во обѕир најбуџет клими се разбира. Планирам зимоска да ја ставам на греење на 18-22C да си пирка. Да е онака утепано ладното, а она да е повеќето време или на минимум или на постигната температура. А летоска да е на 26-29C и да си пирка исто на минимум или на стенд бај. Во вакви услови SCOP треба да е многу голем за секој инвертер, и не би требало да мрзне многу дури и буџет инвертер.
Од буџетскиве ги гледам
Gree Lomo Eco 12
Vivax AEQI09
Vivax AEQI12
Како опции под 20000 денари така тие упаѓаат на око.
Виваксите се 2.1kw по ЕУ лабела, или 2.4. A Екото испаѓа дека е 3.2. И потешко е бајаги и поголемо.
Сите 3 ќе постигнат тоа што барам од нив, друго ми е муабетот, која ќе има највисок SCOP за таа испорачана моќност. При 200w од штекер која највеќе би дала со други зборови. При pDesignH рецимо 1kw која ќе даде највисок SCOP - рецимо 6 ако не и повеќе.