- Член од
- 5 октомври 2016
- Мислења
- 95
- Поени од реакции
- 407
@omlet13mЌе сменам утре батерии на даљинското. Денес имав можност да направам тест со мерач без сонда (сензорите со сонда не се стасани, но мислам дека резултат би бил ист) на хансолот за максималната температура на издув. Внатрешна 25, надворешна 0, сетпоинт 30 и аутофан. Издувот дојде до 45.8 степени а компресорот повлече 1870W (сликано на 1849), но во тој момент температурата на усис дојде 27 и климата ја намали потрошувачката на 1200W, затоа што актуал поинт стана блиску до сетпоинтот. Утре ако имам време ќе направам тест со IFeel и даљинското ќе го ставам во ходник да не ме прекине климава во мерењево, па да видиме која максимална температура на издув ќе постигне Han Solo и колкава струја ќе повлече. Очекувам околу 58 степени.
Просек за денес киловат на сат (1kw/h). Работи 24h на сетпоинт 25. Внатре 22-25 степени. Надворешна -6 до 3.
Прегледај го приврзокот 182241
Прегледај го приврзокот 182242
Лајк за првиот обид за мерење.

Пар совети:
Со внатрешна Т од 25C и аутофен, во 16м2 соба, тешко дека ќе измериш нешто објективно. Излади ја собата до 20C и при мерење користи фиксни брзини (издувот ќе биде познат). Така лесно ќе можеш да пресметаш COP на пример. Секако ќе ти бидат потребни и два термометра (Т на усис + Т на издув).
Термометрите со сонда што по кинеските продавници се нудат за $1.5, а кај нас 200+ денари, ги рекламираат со прецизнот +- 1C, но тоа се евтини ѓубренца што имаат уште помала прецизност. Луѓе што купиле 3-5 комада одеднаш, се жалат на 5 степени разлика меѓу нив. Секако, некои од нив ќе се погодат тамам. Најмалку што можеш да направиш е да го споредиш со проверен живин термометар на различни температури, за да имаш каков таков репер. Истото важи и за мерачите на потрошувачка. И тие не се многу прецизни, но не е толку страшно како со термометрите.
Тоа е една од причините што немам многу воља да набавам такви играчки и да губам време со мерење...