- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.810
- Поени од реакции
- 5.078
Оперативните трошоци ти се повисоки кај пелети ама ако туриш добра изолација и пвц повеќе добиваш кај пелети од клима. Голем проблем кај климите се високата инвестиција лошата амортизација и финансиските загуби од пропуштени можности и/или камати. Не е се ниски оперативни трошоци!Ако имаш опција за подно и струја ќе ти заврши работа, рачунај 8-9000 денари во шпиц сезона. Јас имам такво ама искрено никогаш не сум го користел цела сезона, котелот беше само за догревање , понекогаш.
Пред неколку страни @StefusRefus мислам удри математика дека со една вреќа пелети (200-250 денари) грее 100м2.30*250=7500 ден. што е слично на цената на греење со струја( почетната инвестиција не ја броиме). Покасно кога ќе залади повеќе, претпоставувам и он ќе рипне на 9-10000 месечно.
Соседот од кој го копирав системот сеуште се грее на струја и сметките по негово кажување му идат од 10-15000 во најладните месеци.Он грее исто 100 и нешто метри.
Одржување кај струјата скоро никакво, за пелетите мислам дека има возење околу нив.
Кој учел финансирање знае...