Друже @SefusRefus упорно се огласуваш на едно дека, парното нема амортизаација. И дека печките било на пелет било на биомаса било на дрва не страдаат и се долготрајни.
Дали си застанал да прочиташ искуства, подесување, споделување, век на траење, лимофи кои се користат, што користи центрометал, што користи радијатор инжинеринг, или термомонт.
Србиве не се баш слагаат со тебе дека печката и радијаторите имаат долг век, особено новите.
Застани и расчитај малку
http://www.samsvojmajstor.com/portal/forums/gradjevinarstvo/instalacije-grejanja-i-klimatizacije
Со оваа проблематика на парно инсталација се бафтав цели 2 години.
Па вака да те прашам дали имаш мешачки вентил? И каков?
Колку ти е влезната вода, колку ти е излезна?
Што печка имаш, каков бренер има?
Дали имаш дозатор, колкав е?
Дали имаш термовентили на радијаторите, дали имаш термостатски термоглави на радијаторите?
Многу битно, каков димник имаш, што димник користиш?
Колку е векот на траење на вентилаторот што го дува оганот?
Колку често се заглавуваат пелетите во спиралата?
Колку w или поточно kw електрична енергија е потребна за автоматско палење на таа печка.