На која температура живеат луѓето во домовите низ светот?
Некои ги греат домовите до точка во која се соблекуваат по кратки ракави, додека други преферираат постудени простории.
Велика Британија – во дневните соби температурата е околу 15 степени, а во бањите околу 10.
Франција – нешто потопло е во домовите во Франција, со просечна температура од 16,8 степени.
Јапонија – Јапонците штедат, па оптималната температура во домовите е околу 10 степени.
Шпанија – во топлата Шпанија, просечната температура на еден дом е околу 17,8 степени во зима
Романија – земја која генерално се грее на централно греење на гас, па температурите на домовите се искачуваат до 20-тиот степен.
Холандија – просечно, температурите се движат околу 16-тиот степен.
САД – една од потоплите земји е и САД, со просечни 20 степени низ домовите во зима.
Чешка – просечни 18,5 степени во зима.
Германија – нешто постудени се домовите во Германија, со просечни 17 степени.
Русија – една од најстудените земји обично ги има најтоплите домови – цели 25 степени.
Ние каде сме?