Тука сме да споделуваме информации и да учиме. Aко не ме задоволи Хансолот, мојот следен уред кој планирам да го земам за 2 години ќе биде ..нема да биде Хансол.
Греам соба од куќа со површина од 16м2, пола од зидовите се надворешни. Полна цигла два реда, 30цм ѕид (тврда градба)со стандардна фасада, нема изолација. Квалитетно ПВЦ. Горе нема плоча. Долу има плоча и подрум. Стаклени површини во ПВЦ вкупно 6.3м2. Висина на ѕид 2.6м. Гледа на западна страна.
Сметам дека Хансол -20 е дури предимензиониран за овај простор? Затоа што иако е официјално 3.5ка, би требало да се вика 4.5ка затоа што има хардвер од 5.5ка. (43кг надворешна, 2.5 реда изменувачи, 1.3кг фреон, греачи, -20 работна, голем COP..)
Setpoint 23 степени без IFeel. Внатре е 21-27 степени, зависно кој дел од просторијата е, дали е изложен на директно дување на климата.
Досега мерено, 13.9 kw, za 32 часа, значи, 435W/h. Се гаси само 5 часа во текот на ноќта.
Но сега времето е топло, правиот тест ќе биде за некој месец. Го имам истиот Energenie уред како и сите вие, ќе споделувам овде информации. Не сум навивач, критики и совети се добредојдени. Дали климата е предимензионирана, поддимензионирана или таман?
Добар момент е што во standby троши многу малце (<1w), па мерачот(Energenie) не го детектира тоа и имам вистински работни часови и потрошена струја (KW) па можам да пресметам просек. Другата клима 5.5 троши повеќе во standby, немам инфо за работни саати затоа што и standby го смета како работен саат, па не можам да пресметувам просеци.