Друже најпрво да ти кажам со здравје да си ја служиш и се надевам дека нема да имаш никакви проблеми и дека ќе ти ги исполни очекувањата. Дали ќе можеш да споделиш кој точно модел го имаш?
Друже дали може да поделиш кој точно модел го имаш и некакви мерења за потрошувачката?
Климата треба да е правилно димензионирана.
Друже жал ми е да те разочарам но изгледа дека ќе бидеш разочаран од греењето на минусни температури. Не можам да тврдам со сигурност, не знам колкава површина грееш и со каква изолација (не е лошо да ги споделиш информациите, површина на надворешни ѕидови, внатрешни ѕидови и сл.) но или климата ти е преслаба или изгледа дека е дефектен модел.
Потрошувачката од 0,5KW не е одлична, туку е катастрофална за твојата ситуација. Повторно да кажам дека појма немам колкава површина загреваш и колку сакаш да загреваш па мојот коментар земај го со резерва. Ако грееш над 40тина квадрати и сакаш да грееш до кај 2-3 степени, тогаш е ОК. Но бидеќи спомена соба предпоставувам дека се работи за просторија од околку 25м2, а оваа потрошувачка на овие температури е катастрофална.
Зошто?
Бидеќи сподели дека потрошувачката е 8KW за 15часа излегува дека просечната потрошувачка ти е 0,53KW.
Бидеќи времето како што кажа и самиот е сеуште топло од 7-15, да земеме дека просечната температура би била 11 степени.
Ако земеме дека COP на Hansol-от е 4, излегува дека ти на 11 степени надворешна температура имаш 2,2 KW загуба на топлина за 1 час, односно Hanso-от испорачалувал просечно 2,2KW за да ја одржува топлината во собата.
Проблемот е што во овој случај потребата на топлинина кога надвод е 0 е 4,4KW, а да не зборуваме за на -7. Овие се вредности кои Hansol-от дури и да ги земеме најоптимистичните, не може да ги исполни.
Е сега може да се прашуваш како е добиена вредноста на од 4,4KW на 0степени.
Пресметката на топлотните загуби е по следнава формула:
површина од каде се губи топлината (ѕидови, под, таван) х U вредноста на секоја површина х разликата помеѓу внатрешната (бараната топлина) и надворешната топлина.
Бидеќи кај тебе сите елементи остануваат исти освен разликата помеѓу внатрешна и надворешна температура.
Разликата на 0степени е 22 (22внатрешна - 0 надворешна = 22) односно дупло повеќе во однос на овие 11 (22 внатрепшна - 11 надворешна = 11степени).
Друг проблем е нискиот COP кај Hansol-от, еве ако COP е 3 на 0 тогаш климата ќе ти троши во просек, 1,46KW. (4.4KW/3=1.46).
Е сега ако се побуниш дека слабо грее а многу троше тогаш еден момак ќе ти каже дека уствари живееш во хотел промаја и дека треба да ја оставиш да грее цело време:
Е сега ти сметај колку ќе потроши ако ја оставаш да грее 24/7 со таа потрошувачка 1,46*24*30*5=5,256ден сметка само за климата, многу економично нема што.....
Е сега дали овааа потрошувачка е нормална?
Еве GT1 лани има пријавено моментална потрошувачка од скоро 0,6KW но на -1, додека во периодот во ноември има потрошувачка од просечно 0,7KW, скоро колку твојата но на значително поладно време и за напоменеа грее 30тина квадрати БЕЗ ИЗОЛАЦИЈА, и ова е според моето мислење и пресметки нормална потрошувачка. Не сакам да верувам дека GT1 нешто мател во ситуацијата.
Е сега зошто кај тебе е потрошувачката поголема....дали е климата дефектна...не сакам да шпекулирам, само од некаде овој филм ми е гледан....и не е лошо да спремиш некој кубик дрва за зло време.
PS Се надевам дека си во Скопје односно дека климата не ја порачуваше по карго и дека фискалната и фактурата ти се од продавач во местото каде живееш, во спротивно за пријавата во ДПИ ќе треба да одиш во Скопје.