Јас најдобронамерно ти објаснив како да ги најдеш информациите за кои обвинуваше дека ги нема. Буквално стотици постови има каде луѓе имаат детално напишано кој каква изолација има, колкава површина грее, колку струја потрошил, во кој месец (и со тоа на каква надворешна температура и влажност). Деталните информации се информациите кои навистина се корисни, а не коментарите од типот „потрошив 1000ден минатиов месец“.
Затоа уште еднаш: ако пребараш - имаш поназад во многу наврати детални објаснувања како да пресметаш какви топлотни загуби има твојот стан/куќа, и со тоа да знаеш колку моќен уред ти треба и колкави сметки ќе плаќаш. Можеш да се информираш и да научиш, или можеш да си тераш како што си тргнал. Изборот е само твој.
Фала ти на советот. Се што е добронамерно прифаќам.
Очигледно нешто сум утнал штом не сум го решил греењето на економичен начин и покрај тоа што низ годините сум вложил доста средства и труд.
Затоа и пребарувам , да видам какво решение имаат попаметни и поинформирани од мене.
Не е дека не сум се потрудил.. Исчитав можеби 150-200 страни од форумов ( страни во смисла mobile view ), но гледам само меѓусебни препукувања на која клима што и фали...
Веќе стекнав впечаток дека шансите човек да утне со изборот на клима се огромни..
Знам дека може да се пресмета колкав е точно потребен капацитет , но за тоа треба да се имаат точни параметри за загубите, а тоа кај мене е невозможно без соодветни мерни инструменти..Дури ни приближно..
Затоа решив одговор да побарсм посредно , преку просто прашање.
Пример , ако некој користи клима 5 kw , со која грее 50m2 без изолација , и плаќа 3.000 ден. месечно ,, за мене би било прифатливо споредбено со моето греење на дрва на дневна од 35 m2 со потрошок од 4.000 денари месечно за дрва.
Значи , неможејќи да дојдам до точна пресметка , се обидувам барем приближна на добијам преку компарација...
Sent from my GT-S7390 using Tapatalk