Имам неколку реплики, ке пробам да бидам краток и со дирекно образложување:
почитувани од
@klimi.mk како прво Ви благодарам што конечно се огласивте и да расчистиме некои работи, друго реков дека нема да се мешам повеќе и да влегувам во дуел со Вас или со Вашите подржувачи и ќе Ве оставам да си работите како што сакате чесно или нечесно секому на чест нека му служи (тоа што гаранцијата ја дава друг или и другите прават така не ве ослободува од одговорноста да бидете фер пред потрошувачите кои можеби ќе Ви ги дадат и последните пари за уредот - едноставно бидете подобри од другите еден мора д почне нели?).
Почнувате со индирекно наведување дека работеме нечесно. така формулираната реченица "
чесно-нечесно секому на честа" во МК се користи кога сакаш на некого индирекно да му кажеш дека работи нечесно.
Таквата критика безусловно би ја прафатил ако по било кој елемент сте не контактирале за информација и сте добиле лажен одговор, сте биле клиент и сте биле лошо услужени или измамени и слично. Вие освен со обвинувања тука на овој форум никако поинаку не сте имале контакт со нас.
Ова би го земал како добронамерна критика каде би можеле да се подобреме иако незнам дали е до мене но начинот на кој е формулирано повеќе ми личи на обвинување.
Како одговор и објаснување ке се вратам на една ваша реченица назад:
....едноставно бидете подобри од другите еден мора д почне нели?
Кога почнавме со нашиот проект немаше никакви информации за никакви клими. сајтовите кои продаваа ( и offline и online ) имаа само 2-3 во најчест случај неточни и наштелувани параметри за сега кога ние веќе почнавме истите да се трудат многу повеќе ( макар да во 99% е COPY-Paste од нас, копираат и печатни грешки некогаш ) што значи ние сме почнале и ако не следете редовно ке забележете не сме застанале туку редовно се "ажурираме"
Е сега за извесувањето, проблемот е што таквиот тип на известување не е лесно да се формулира и од технички и од административен аспект, како такво истото може да биде нејасно за најголем дел од посетителите за тоа стоеме ние тука за било каква информација да не контактираат и да разјаснеме. Да речеме правете online нарачка без да не контактирате, плаќате и го добивате уредот дома со гаранција, ја читате гаранцијата и оп не ви се допаѓа, имате секакво право да го вратете и целиот износ ке ви биде вратен. Вие во никој случај не сте оштетени.
следно
сум купувал онлајн не само од МК туку и од Кина и др. места така да во тренд сум со новите технологии и ги подржувам беѕусловно, она што ме иритира е криење основни податоци, според Вашите параметри треба да се јавувам во кина или уса ако купувам од алиекспрес или амазон ви се молам .
Напротив, основните податоци се јавно истакнати, ова што вие го барате се екстра податоци и ме интересира дали пример на сајтовите во Кина, Америка, Европа кога правете нарачка секогаш ја добивате целосната документација online? Дали кога пример ( само како споредбен пример ) ке одете на сајт за автомобили и гледате гаранција 3,5,10 години имате детално известување дека истата бара редовен сервис ? Во 90% од случајот одговорот е не, не затоа то некој сака да скрие ( можеби и некој и сака да скрие ) туку затоа што тоа се дополнителни информации а не основни.
За тел контакт ние ниту сме во Америка ниту во Кина, Македонија е помала од едно Кинеско село, по цел ден се зборува на телефони еден телефонски повик ако нешто не е јасно да бидеме реални за 99% од нас воопшто не е проблем. Исто немој да правете споредба со Aliexpress и Amazon дека се поотворени со подетални информации за производите кои се нудат, таму во 90% од случаевите немате никакви информации кои и што ви продава.
моќеби не се крие но со една ѕвездичка може да се напомене дека постојат услови за да се добие,
а дека не постои гаранција за механички оштетувања сте во право, но еве на пример имам купено од продавница (името е небитно) ТВ, ФРИЖИДЕР, МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ, ШПОРЕТ...каде добивам 5 год. гаранција без да треба секоја година да му платам на некој одредена сума за да ја добијам поправете ме ако грешам - ШТО Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ КЛИМАТА И НАБРОЕНИТЕ УРЕДИ.
Видете, ние не ја правеме гаранцијата, ние ја проследуваме, гаранцијата не ја даваме ние туку производителот и увозникот и ова прашање треба да им го поставете на нив. Но еве да се потрудам да објаснам, скоро сите од овие уреди кои ги набројавте немаат потреба од одржување затоа што и после 3 години телевизорот ке работи исто. клима уредот од друга страна ако не се чисти редовно се намалува моќноста со тоа се зголемува оптеретувањето и нормално со сетоа тоа се намалува животниот век, процентот на дефекти е далеку поголем во тој случај. Тука не збореме за 3 или 5 години гаранција туку за 10 години гаранција што е долг период.
процентот е добиен по следнава моја логика ако годишниот сервис е пр. 10 евра (а по кажување на форумов е и повеќе ) и за 9 год треба да платам 90евра тогаш тоа е дополнителни 30% од првично планираната и уплатена сума поправете ме ако грешам.
Видете ако земете проста математика да правете да изгледа како така. НО треба да сватите една работа, вие не плаќате само за да ви се продолжи гаранцијата ( не само кај GREE туку и кај другите брендови ) вие плаќање за сервисна услуга која е строго препорачлива и кај клими кои не се под гаранција. Вие ги гледате 100 евра за 10 години како трошок кој треба да го дадете но не ја гледате бенефицијата ( настрана гаранцијата ) каде нечист и неодржуван клима уред има намалена моќност а со тоа и зголемена потрошувачка на ел.енергија, таа нечистотија во внатрешната единица од прашина, мртви бубачки и бактерии кои се собираат во годините ја дишете вие. Трошокот кој вие ќе го дадете за сервисно одржување повеќе или помалку ке го извадете со заштеда по другите параметри.
Нас лично ако не прашате би го укинле ние сервисното одрување. 2-3 години гаранција без одрување за нас е најиделано, ем нема да имаме обврска толку долг период, и истовремено нема да имаме обврска ниту за одржување, ако мислете дека од тоа сервисно одржување остануваат многу пари се лажете, за нас е повеќе малтретирање и обврска отколку заработка.
и за крај наместо да мислите дека сите се против Вас! прифатете ја секоја критика добронамерно и подобрете се, да неможе никој да се буни основано или неосновано, бидете први кои ќе бидат отворени и фер со потрошувачот бидејќи нели мотото е потрошувачот е секогаш во право или во МК тоа не важи.
Критики прифаќаме, но вашите постови страници наназад не се критики туку обвинувања и напаѓања, точно потрошувачот е секогаш во право но вие ниту сте не контактирале ниту сте купиле од нас.
За тоа дека не сме фер и отворени сте првите кои посочиле, наназад имаме многу позитивни критики за спротивното дека напротив сме фер, отворени, професионални и флексибилни.
За крај да се потрудам да разјаснеме неколку работи.
Проектот клими.мк навидум можеби на некој му изгледа како обична веб страница, истото е МНОГУ повеќе од сајт, со многу голема организација, администрација, технички и логистички предизвици и слично. Не се работи за OpenCart веб страна или wordpress сајт кој сме седнале и за 1-2 дена сме го направиле па ајде ке си играме продавница, се работи за сериозен проект со
уникатен и комплексен систем кој е програмиран, дизајниран и аранжиран од 0 ( нула ) . Истиот е правен за комплетен менаџмент на сите параметри и со тоа СЕКОЈА и најмала промена ( па макар и една ѕвездичка ) пред да се имплементира ДЕТАЛНО се анализира и од технички и од административни па и од маркетинг причини. Така да таа една ѕвезда, или промена по друг аспект кој на вас ви изгледа како ситница и банална работа може да повлекува ( и најчесто повлекува ) уште еден куп други работи за кои на прв поглед не се забележуваат.
Пред да не обвинете за нешто најдобро е првен да не контактирате, ние секогаш сме разположени за реална и искрена дискусија.
[DOUBLEPOST=1510095104][/DOUBLEPOST]
dali ima klimi Made in Germani i dokolku bi imalo koi se zatoa ovde sve sto gi gledam 99% se made in cina
такво нешто немам сретнато, но 99 од тоа што имате е секако во кина произведено, од мобилен телефон, облека дел од мебелот ел апарати и слично. Тоа што е од Кина веќе одамна не се гледа како хендикеп бидејќи и во Кина има производи со висок квалитет и со низок квалитет.
Но ако сакате надвор од кина можете:
Panasonic е во Малезија
Mitsubishi е во Јапонија
Toshiba е исто Малезија ако не се лажам.[DOUBLEPOST=1510095557][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 179956
Na drugo mesto procitav deka gi proizveduva Vivaks
Исправка, MSAN групацијата чии бренд е VIVAX ги дистрибуира на Балканов, инаку колку што имам инфо се правени во фабрика на AUX и се со Midea компресор поточно GMCC која е компанија на Мидеа и Тошиба-Кариер. Реално GMCC ти се компресори на мидеа но во реклами најчесто ке ги најдете како Тошиба бидејќи нормално Тошиба е далеку поатрактивно име

.
П.С. Извинете за печатните грешки
