Се слагам. Ама кога ќе се воведе во скоро сите населби во Скопје, што ќе оди многу тешко. Или ќе трае едно 20 години или ќе оди како парното, само во поголемите населби со згради а останатите нека се снаоѓаат. Атоа дека нема интерес за парноСамо ако продолжиме со ниска свест, и неразбирање.
Парно не мора да има до сите населби/куќи. Некаде едоставно нема интерес, од едната или другата страна.
Но гасификација МОРА да има до СЕКАДЕ. Исто како што сега секаде има струја. Или вода. Или канализација (скоро секаде, во урбаните средни).
Гасификацијата кога ќе заврши, и горењето дрва ќе заврши. Да, државата има обврска цената на гасот да биде еднаква или помала од цената на греење со дрва. Но после сето тоа, ЗАБРАНА ЗА ГОРЕЊЕ ДРВА. Заеби тоа приказните за сиромаштија, сите ќе се грејат на еднакво евтин/скап гас... Или ќе можат да се отселат надвор од градовите, и таму да палат оган колку сакаат.
Не може повеќеда се толерира ова загадување, и сите срања што произлегуваат од него. Ничија тврдоглавост нема оправдување да ги труе луѓето.
. Живеам во населба со куќи и огромен дел од населението било заитересирано за парно, биле собирани потписи за парно кога било воведувано во некои околни населби со згради ама тука веќе преовладува економскиот интерес, 10 згради заменуваат пола населба со куќи и затоа нема по ќуќите. Истото е сега и со оптиката, се уведува само до зградите, успат ако фатат некоја населба со куќи 
Истото ќе биде и со гасификацијата верувај. Ке се воведе во Лисиче,Аеродром, Центар, дел од Ѓорче, Чаир, Топаанско, Карпош, а за куќите малку ќе се почека, а бидејќи тие се греат на дрва проблемот ке остане.

