SpiderWeb
ја заменува титулата под името во вашите мислења.
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 632
- Поени од реакции
- 622
Среќна околност е што цевките одат окулу ѕидот, па надворешнава едница лесно ќе може да се симне, едно 15-20см, на пример горниот раб да дојде малку под работ од испакнатите делови. Целата работа ќе се сведе на прештрафување на држачите.
Сега гледам и дека цевките не излагаат од надворешната единица нагоре (освен ако не се сролани позади каде не се гледа). Тоа би била кардинална грешка на монтерите. Провери обавезно @SpiderWeb
Но секако не било лошо да ја симнеш подолу надворешнава единица, на раат да бидеш. А ако цевките одат хоризонтално надвор, кога излегуваат од над. ед., тогаш обавезно симнување.
Не се баш хоризонтално цевките, но нема ни некој голем агол, би рекол 10 степени нагоре. Како и да е, мислам дека не ми се исплаќа ризикот од симнување на веќе поставена клима. За мрзнењето заради блискоста на ѕидот (како што спомна @Strelec) баш ќе ја имам на око да видам, ако е така, мислам дека повеќе ми се исплаќа да го сечам гипс-картонот тука (тоа парче е гипс-картон да се скријат одводните цевки од балконот), него да ја симнувам подолу.[DOUBLEPOST=1507536692][/DOUBLEPOST]Инаку, информација за сите што планираат да купуваат клима од Грција, надворешната и внатрешната единица се посебни item-и во сметката, така да доколку ниедно од двете не надминува 350 евра, комотно можете да им кажете да ви ги запишат двете единици на одделна сметка, и секако на различно име (ваљда двајца ќе одите по клима) па после преку граница едниот да помине со внатрешната единица в раце (10-15кг), а другиот со колата со надворешната единица.
Секако, има многу варијабили тука што треба да се поклопат, а и цариниците не пијат нафта, така да не знам дали се исплати ризикот, но за тоа пак би добиле солидна клима од цирка 600 евра. (700 минус данокот што треба да си го вратите)
Последно уредено: