Замисли дека си Сизиф, и тркалаш камен на угорница. Дали е поефикасно да го пуштиш каменот да се стркала надолу и пак да го качуваш назад, или е подобро да продолжиш да го качуваш надолу?
Едноставно така е ??? па не е некој логичен одговор. Ако може некој да ми објасни зошто е така би ми било корисно.
Нека имам инвертер 5кW,
максимум може да даде 7kW со потрошувачка 2.5кW.
Да илустрирам - Во дневна го поминувам скоро секој ден од 17ч до 23ч т.е. 6часа секој ден. Ако на инвертерет му се потребни (карикирам) еден час за да достигне тој комфорен за компресорот мод на работа - кога ја достигнал зададената температура, останатите 5 часа ќе работи во истиот режим (од што сум читал погоре во форумот). На пример стартна точка за загревање секој ден би била 5 степени собна температура и треба да дојде до 25, значи да загрее за цели 20степени волумен (100м3=5м*8м*2.5м) - што е еднакво на губитокот во однос да ја оставам да работи 24ч. -
Во овој час и да работи инвертерот со максимален капацитет ќе потроши 2.5кW ??
* И да ја пуштам еден час пред да си дојдам од работа (за да биде потопла собата)
нека работи 2 часа, ќе потроши 5кW енергија
Ако ја оставам да работи 24ч секој ден, 18часа консумира енергија (исто како и во последните 5 часа од првиот случај) и ја загрева просторијата која неминовно се лади и немам бенефит да ја чувам топла.
18часа би требало да е минимум 15кW дневно енергија.
Ве молам некој нека ми објасни што е грешно во моиве претпоставки ?!
Благодарам.
ПС: Битно ми е да имам емпириски информации бидејки се двоумам дали да одам на греење со инвертери или со парно на пелети (еден спрат од куќа)