Значи и кај тебе не монтирале вработени од Енергија. Bane Air не знам како работат, мене Енергија ми испрати некој нонејм сервис да ми ја монтира климата, со голобрад тинејџер монтер. Имам пишувано поназад тоа негативно искуство.
Инаку со Енергија специфично беше договорено дека нивни вработени монтери ќе вршат монтажа. Затоа и се одлучив да купувам клима од продавница која се бави исклучиво со фриготехника, за да добијам монтажа од стручни сервисери. Всушност со вакви продавници „специјализирани“ за фриготехника, исто се фаќа и да се купува од супермаркет продавници како Нептун и Техномаркет. Секако климата ти ја монтира некој рандом сервис со лотарија квалитет.
Замисли дека си Сизиф, и тркалаш камен на угорница. Дали е поефикасно да го пуштиш каменот да се стркала надолу и пак да го качуваш назад, или е подобро да продолжиш да го качуваш надолу?
Климата загрева просторија која истовремено и се лади. Поефикасно е да се догрева, отколку да се дозволи големо ладење, па потоа од толку изладено пак да се загрева (плус така повеќе се оптеретуваат компонентите). Едноставно така е.