Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Бакарот колку што гледам иде под тавата и мислам прави круг одпозади изменувачот на надворешната за да се добие на должина на инсталација (вероватно блиску е внатрешната).
Едноставно спуштање за 20цм баш и не е, ке беше едноставно ако цевките беа од гума па можеш да ги вртиш како сакаш за да ставиш типла 20цм подоле...за несреќа бакарат се прекршува и вака како што се изолирани цевките и да се прекрши "докториве" нема да приметат каде е прекршен ако ја поместуваат споена....а голем проблем е ако се прекрши, ке го смали протокот на фреонот и тогаш пљукни и се на климата.
Ова треба демонтажа на надворешната, да соберат фреон, да отспојат цевки, наново да бушат и пак да вакумираат па да ја закачат. На крајот ке фали фреон бог те пита колку....боље ич да не чепкаат само бетер може да направат
 
Со 15см подолу симнување? Од толку мало менување на аголот ваљда не би требало да се превиткаат цевките. Аголот нема да се смени ни за неколку степени а колку би требало за да се прекршат цевките? 90 степени?
 
15цм треба да стои климата подоле, ама за типла како ке избуши ако не ја тргнат климата? Башка имаш тежина од 37кг.....треба двајца да ја држат трет да буши и сите да ги собере на терасава
 
Последно уредено:
Хммм... Зависи од местото на дупките во ветикалниот дел од држачите, евентуално да спушти нешто повеќе надворешната единица. Но сето ова веќе опасно навлегува во „не вреди ризикот и замарањето“.
 
Со 15см подолу симнување? Од толку мало менување на аголот ваљда не би требало да се превиткаат цевките. Аголот нема да се смени ни за неколку степени а колку би требало за да се прекршат цевките? 90 степени?
ЗА виткање под голем агол како ќошов од терасава има посебен алат/метода.
Ако си видел онаква справа за вежбање, 3 федера што се тегнат.
Таков сличен метален федер да го наречам се става околу цевката, фактички федерот е за милиметар поширок од бакарите, федерот е однадворешната страна а бакарот од внатрешната страна....и тогаш виткаш слободно и силно зашто и федерот исто се витка ама е метален и недозволува прекршување. Ова се прави без изолација нормално....после виткањето се враќа изолацијата која до тоа место е исечена заради виткањето...под 90степени секако нема да биде, мора да има одредено заоблување-радиус, под 90степени ако е значи дека е прекршен.
А селска метода е со замотани цевки со изолација и све да на ќошов маваат по бакарот со рака за да го свиткаат, само тоа после којзнае внатре што е десено и дали е прекршено негде и прави смалување на проток
 
Последно уредено:
Интересно. Но се сомневам дека имаат такви алатки, тие што ја набутале надворешната единица толку горе.
 
Ги гледам климите како се монтирани по сликиве и знам дека има пропишани растојанија од ѕид и слично, но ме интересира ваше мислење или искуство, кое може да е минималното растојание (без да има проблем да работи климата) на монтажа на внатрешна единица од таванот и минимално растојание на надворешната едниница од ѕидот?
 
Ставив Carrier. Време ќе каже дали сум се заебал.

Нема лајкови и коментари, не е Gree или Mitsubishi. [emoji4]
Иначе мразам вака кога лепат реклами на надворешната.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Maлку имаме домашни иксуства со Кериер, ајде нека се угоди и погоди, а газдата да напише што модел земал и за колку пари, а потоа и да пренесува искуства со греењето зимава, потрошувачка, итн.
 
Ај да се пофалам, денес ја зедов од Грција. Се надевам ќе ме грее, ако не ќе си купам GREE :)

BO0lqi3.jpg


tlJmHqU.jpg


NLm2Lrj.jpg
Со здравје да се служиш! Паметна одлука, каков Gree - Mee-еее каков Vivax...И моделот инвертер, што си го зел и одлуката да не го купуваш од тука! Ништо од тука купуење, пренадувани цени се и на кинезите и јапанците Mitsubishi и особено Fujitsu... само од непријателска Грчка или Бугарија му е мајката, подалеку од ова нашиве хохштаплери! Vivax до лани 12ка AERI ја продаваше две илјади поевтино....
Алооо GREE шо не се фалите бе со нова цена!? Lomo LCLH 12ка го симаа на акција зимото и у април на 26900, па го качива на 29,900... сега гледам машала, иако од тогаш пишуе: “не е на лагер“ - и така со месеци https://klimi.mk/product.php?id=106 го дигнале на 30,990... им тргнала продажбата! ха-хахаха, а овие па кутри давале попуст http://timcomputers.mk/product/d9190ad2 од 30,990 на 30,990 на клима која ја нема...Циркус! Само овде и нигде на друго место! Хрватска Србија го симнаа.... Италија е симнат дебело под 450 Евра (има понуди и 400Евра) https://www.caldaiemurali.it/climatizzatore-condizionatore-gree-inverter-serie-lomo-12000-btu.html да да токму тој модел GWH12QC....секаде поевтинува, само тука поскапува!.... Застарен модел Ломото веќе 3 години, второ излегоа нови нови модели од GREE: Lomo ECO, сега нов Амбер, трето Доларот (валута со која плаќаат у Кина) е паднат во однос на Еврото и има најнизок курс у последнве две три год. А овие сакаат да сексаат!?..НЕ! САМО НАДВОР КУПУЕЊЕ и ништо друго.... је*еш 10 год Х 800 Денари гаранција! За 800 Денари годишно ќе го осигурам и климатизерот и белата техника заедно!
И со царина гледам убо си поминал! Браос...
 
Последно уредено:
Разликата во пари е навистина примамлива - ама само ако се избегне царинењето. Инаку мора се спомне дека после ако испадне да има некој проблем со климата, ќе следат невидени заебанции, треба да се вози долг пат во два правци, пак да се преминува граница, па цех за демонтажа монтажа... Па уште ако не се среди проблемот како што треба... Ужас.
Супер е ако се испаде најдобро, ама ако не бидне се како што треба, тогаш заебанции се големи.

Јас лично би се нафатил на ваква работа ако сеедно одам натаму по друга работа, и начекам нешто под 350 евра (или продавачот ако се нафати на толку да ја напише сметката).



Ги гледам климите како се монтирани по сликиве и знам дека има пропишани растојанија од ѕид и слично, но ме интересира ваше мислење или искуство, кое може да е минималното растојание (без да има проблем да работи климата) на монтажа на внатрешна единица од таванот и минимално растојание на надворешната едниница од ѕидот?
Различни спецификации побаруваат за различни клими, но добра пракса е (ако е можно) да има по 20тина сантиметри растојание од било која страна. Зборувам и за внатрешна и за надворешна единица.

И повторно, ова е прашувано многу пати на темава. Ве мрзи едно пребарување да направите. :)
 
Maлку имаме домашни иксуства со Кериер, ајде нека се угоди и погоди, а газдата да напише што модел земал и за колку пари, а потоа и да пренесува искуства со греењето зимава, потрошувачка, итн.
Carrier Xpower Iplus. Базичниот модел од Енергија. Догодина (а можда и годинава) идам на БЕГ, така да пуна капа е. Околу 34к испаѓа и не е уопште евтино, али добив пофални зборови за Енергија, па така се решив за нив.
 
Me interesira dali nekoj znae koj e uvoznik na KOREL klima uredi vo makedonija
I dali se uvezuvaat KOREL klima uredite vo mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom