со 2.5kW модел од 600евра нема да имаш никаков проблем и со отворена врата и на -15 температури. Рачунај дека има 2.5kW клима уреди од 17-18к што масивно се продаваат и луѓето ги користата за 15-20м2 простории па генерално и бркаат работа. Штом бркаат работа со 300еу, со 600еу треба да бидеш екстра задоволен.
Па дури и со 3.5kW можеш одлично да завршиш работа без да потрошиш повеќе од 800 евра. Имаш пример GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G за 31к, CARRIER iPlus 42QHC012DSA / 38QHC012DSA за 35к, DAIKIN FTXB35C/RXB35C за 37к, GREE AMBER GWH12YC-K6DNA1A за 37к, PANASONIC CS/CU-RE12RKE за 38к, TOSHIBA MIRAI RAS-13BKV-E/RAS-13BAV-E за 40к, MITSUBISHI MSZ-SF35VE/MUZ-SF35VE за 48к па се до GREE HANSOL -30 GWH12TB-S3DBA3E од 50к. Поголем дел од овие модели се ПРЕМОЌНИ за детска соба од 20тина м2 а сите се далеку под 1000еу, едноставно немаш потреба да фрлаш толку пари.
Од типот на една надворешна повеќе внатрешни тоа се мулти сплит системи. Најдобро е да се види на лице место просторијата и ситуацијата и да се направи соодветно решение според вашите лични потреби, вака преку форум може само погрешен предлог да добиеш.[DOUBLEPOST=1483541863][/DOUBLEPOST]
Дел од ел.енергија доаѓа од еколошки извори ( солар, ветер, па дури и нуклеарна енергија ) поготово онаа што е од увоз, воедно и инвестицијата во земјата е исклучиво во еколошки извори на ел.енергија. Воедно загадувањето кое го прави РЕК е барем регистрирано некаде и може делумно или по малку да се контролира, комшијата кога ке ја наполни печката со гума и ке чади повеќе од РЕК и ФЕНИ заедно никој не го контролира и регулира а ве труе дирекно сите. Кога ке имам прилика ке ви пратам слика да видете што е загадување од една обична куќа од 200м2. Ако сите се префрлат на греење на струја ке има пак загадување но далеку помало и со тенденција истото да се регулира, контролира и намалува со инвестиции во нови еколошки извори на ел.енергија.[DOUBLEPOST=1483542006][/DOUBLEPOST]
парно на струја е 3-4 пати поскапо греење. Ако имаш за инвестиција најдобар избор е топлотна пумпа воздух-вода, една од најеколошките и со најекономично решение. Најбиску до истото со помала инвестиција е инвертер клима уред ( посебни или мулти сплит систем )