Клима, некој поевтин ( да не е од најотепаните ) бренд/модел 3.5kW ке брка работа за 30м2. Нема да имаш напредни функции и моќни перформанси но ако ја работеш правилно и рационално ке се стоплиш ( освен ако немаш големи загуби на енергија од просторијата т.е слаба изолација ), можеби не толку економично како со премиум моделите како на пример HANSOL, Mitsubishi FH и слично но сепак далеку поекономично од панелки/камини кои трошат по 2-3kW струја на час. Со оглед на буџетот би ти препорачал VIVAX AERI ( многу малку над буџет ), GREE LOMO ECO ( под буџет ) или нешто во тој сегмент.[DOUBLEPOST=1478636908][/DOUBLEPOST]
Немој да ме сватеш погрешно не ми е идејата да лечам комплекси и да се зајадувам, но сакам да се добијат сите точни информации.
Околу 41% стварно не ми е јасно како уредот знае кога климата е на стенд бај, бидејќи и тогаш има минимална потрочувачка ( LED диоди и слично ). Дали нешто се подесува да мери некој минимум или ?! Бидејќи 41% е премал период ако климата е вклучена постојано да одржува температура. Ако е така тогаш имаш топ изолација бидејќи имаш премногу мала загуба на топлинска енергија.
Околу цената за потрошена ел.ен., дали е вкалкулирана и сумата за ангажирана можност од 33% ?! Бидејќи сите плаќаме се комплет и битна е крајната сума која се плаќа од џеб со сите даноци и додатни трошоци. Знаеш некој се грее на дрва и ако налета на темава и постот ке го фркна во глава ( преоптимистички и позитивно ), ке си направи математика дека ако стандард му стига сметка од 1500 ден со греење на клима ке му дојде 2000 и сигурно нема да му текне дека не е пресметан данокот и 33% ангажирана моќност што прилично ја подига крајната сума.