Немам слики зашто утрово набрзина излетав од дома и само погледнав колку се бројачите на мерачот (а денес е 1 недела одкако го користам дома Хансолот и е затворено да го грее само оној простор за кој е наменет). Бројките викаат вака:
Вкупно време колку што било мерено е: 168 часови
Вкупно време колку климата била вклучена: 145 (оние 23 часа кои била исклучена е за оние денови кога некои членови бараа од мене да споделам температура во просторијата без вклучена клима)
Вкупно потрошена електрична енергија: 59,7kW/h
По ова може да се заклучи дека потрошувачката за еден час во просек била 0,412kW/h
Следен тест ќе правиме кога и Грее Change моделот ќе биде поставен како помош за хансолот во најодалечената (и најладна просторија, освен што има 3 надворешни ѕидови има и отворен простор (тераса) под истата) просторија. Втората клима ќе биде поставена во Четврток барем така е договорено со мајсторот па неделните мерења мислам е најдобро да почнат од недела и да завршуваат во недела, додека пак месечните мерења секако ќе си бидат од почеток на месец до последниот ден во истиот.