Доколку сакаш барем какво-такво издржано мислење наведи повеќе информации за тоа дали истата ќе ја користиш претежно за греење или за ладење на просторијата од 50м2. Дали тој простор е изолиран, на која спратност се наоѓа, кон која страна е изложен, дали се работи за стан или куќа, дали соседните простории, станови, тие над и под просторијата се греат или не и сл.
Доколку уредот ти е потребен да го загреваш наведениот простор и тоа како примарно греење, според мое мислење ниедна од наведените уреди не би бил доволен. Но, ако веќе мораш да земеш една од тие две и баш од тоа место, тогаш, да сум на твове место би ја зел втората, односно Carrier.