Ете сам си одговори на прашањето.
Дизајнираната моќност на уредот е 4,7kW, пресметаниот scop e 4,3. Значи дека просечно при работа на номинална моќност за еден час ќе потроши 4,7/4,3=1,09kw/h.
1,09*1400=1530 киловати годишно, односно 1520. Разликата е најверојатно заради заокружувањата.
1400 часа се зема просек затоа што уредот нема да работи сите 4900 часа со полна сила. Годишно вкупно треба да предаде 6500 киловати, односно во просек 1,3kW топлина секој час при што ќе троши околу 330W/h струја.
Е сега како е дојдено до 1400 часа во сезоната да се земе за просек, тоа не знам. Можеби е тоа обајснето во европската регулатива 14825, каде се дефинира пресметувањето на референтните SCOP i SEER. Тоа е документ на 80-90 страни, а проблемот е што чини околу 300 евра, а го нема да се симне бесплатно, барем јас не успеав да го најдам. Ако некој го најде, нека сподели.
Прегледај го приврзокот 138877
„Сложни браќа куќа градат. Несложни и дворот го расипуваат.“ - Народна поговорка