Митсава е направена да почне со многу топол воздух да дува. Сигурно си приметил колку долго трае од кога ке ја уклучиш со даљинското до моментот кога почнува да дува, од тепка можда 5минути и треба. На почетокот дури се чудев зашто недува мислев да не е нешто расипана па почнав да ја набљудувам

Прво надворешната прави нешто клик, па пауза 10 секунди па ке укључи вентилатор....па пак пауза па компресорот почнува да зуи, у меѓувреме си прави математика од надворешна/внатрешна Т колку фреон да пушти и на која Т да го згрее за да на внатрешен изменувач постигне пресметана Т и да почне дувањето. Тука веќе перките внатре се отворени ама дување нема сеуште,
по некое време одкако компресорот ке поработи (ако стоиш под внатрешната) се слуша шуштење од фреонот што почнува да тече у внатрешната но сеуште недува. Тука почнува и крцкањето, ладна пластика а изменувачот топол. Додека сензорот внатре на изменувачот непостигне одредена Т која електрониката ја одредила сеуште не почнува да дува.
Конечно кога е загреан изменувачот од протокот на фреон и дувањето се уклучува, пластиката се пододладува со што и крцкањето престанува.