Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 31.779
- Поени од реакции
- 42.865
Како термо печката кога работи топло е само доколку се доближиш до неа а кога ќе се одалечиш е поладно а кај панелките има рамномерна температура и топло е и блиску и далеку?
Како не го сушат воздухот кога го прават сув ко барут и грло почиња да гребе? Ти кажувам од искуство и пракса не ти зборам на памет. Ова ти што си го напишал нема врска со реалноста.
Искуството твое е тоа што „грло почиња да гребе„?
Или можеби си ја измерил влажноста на воздухот во просторијата?
Секакви луѓе има многу, па затоа и заблуди има многу... Јас имам еден колега, слушнал дека климите го сушат воздухот па не ја користи климата и исклучиво на панелки се грее (и на дрва кога е поладно). Вели подобро го „осеќал„ воздухот кога се греел на панелки.Според некои мислења слушам дека биле економични, но тоа не е толку битно колку што ме интересираа колку го сушат воздухот.
... спална соба со површина околу 20м2, каде што во оваа спална соба ќе спие 7 месечно бебе.
Ете ти го sneui, него па грлото го печело од панелките. Па става сад со вода над грејно тело (во низ отпорник директно проаѓа електрична енергија), за безбедноста на ова се надевам дека не треба да зборуваме?

Вистинскиот одговор е дека со што и да се грееш, влажноста на воздухот може да варира од многу фактори. Затоа треба да си купиш мерач на влажност во воздухот и да реагираш соодветно спред потребите. Си постојат препорачани вредности за влажност во воздухот, побарај ги интернет.
Ако воздухот е пресув, лесно е да го навлажниш -има навлажнувачи на воздух, или едноставно може да се постават отворени садови со вода (ама на безбедно место, а не над нешто со отворена електрична инсталација).
Ако воздухот е превлажен, малтене секој клима уред треба да има функција на одвлажнување а се продаваат и одвлажнувачи на воздух.


