Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 30.255
- Поени од реакции
- 67.119
@Ron Burgundy , ако Волкот е ремек дело тогаш не знам, сум изгледал барем 1000 ремек дела до сега. Волкот е застарен не затоа што дејствието е во минатото туку затоа што начинот на кој е реализирана приказната е дел од минатото, онаму каде што Скорсезе своевремено заглавил и не се помрднал. Негов единствен успех во поново време беше Departed кој е украден филм. Назад на темата, во 80-те имаше еден куп Б-филмови и сапуници за јунаци кои прават пари а публиката доживуваше оргазам на луѓе - модели, кои заработиле милиони и живееле раскошен живот. Денес постои поинаков поглед на Вол Стрит а публиката сака подлабоки теми. Волкот е предвидлив, нема ништо оригинално во него ни од аспект на режија, сценарио, кинематографија... ништо иновативно. Има проста биографска приказна и веќе видена. Ако веќе зборуваме за приказни од сличен тип Catch me of you can и Pursuit of Happyness се светлосни години пред Волкот. И двата се по вистинита приказна, првиот е забавен и возбудлив во секој поглед а вториот покренува разни прашања и емоции.
Извини што вака ти реагирам ама да го наречеш Волкот на Скорсезе ремек-дело е грев кон вистинските ремек-дела. Тој може да биде единствено добар филм за мал дел од филмската публика која преферира такви теми. За другите е само еден обичен предолг филм, ништо посебно во ниеден поглед.