што би бил добар избор за греење на спрат од куча. долен спрат, над визби, надворешни зидови од камен доста дебели малтерисани и надвор и внатре, дограма солидна. Пошто зидовите се носечки (стара градба) не можам да ги туркам и отварам поголеми простории така да си има повеќе соби башка кујна, башка трепезатрија, салон, спална, детски дневна.. и не ми е практично да држам сите врати отворени, сега за сега кујна имам шпоре на дрва кое се користи на зима и за готвење и по собите електрични печки али многу имам киловати, една шеска, една петка и една мислам тројка ли беше, ај ова зима не беше ладна и поминував со по 5-6 иљади месецо али во ладни зими и до 10 иди сметка за струја, па се мислев дали оние мермерни радијатори распоредени по соби плус на дрва в кујна би ја топлело према она што гледам, место 14 киловати со мермерните би ми било доволно 6-7.. има ли некој исуство со нив или да се стиснам и клам парно на дрва, то значи набавка на камин или шпоре со котел, цевки ребра вентили мајстор можи околу 2-2,5 иљади евра....