Почна веќе поозбилно зимата па да пишам за мојата потрошувачка. Климата работи нон-стоп 24 часа без исклучување никакво, температура 20-21 степен зададени, повремено краткотрајно проветрување и ја отчитувам потрошувачката во 19.00. Денес покажа најмногу потрошувачка од 10.3кв за 24 часа (од 19 вчера до 19ч денес) поради доста студената вечер, вчера имаше 9.4кв, а завчера 8.5кв. Куќа со класична фасада без изолација, стара двојна дрвена столарија зрела за замена и то.
Пишете и вие мерењата кој ги прави, посебно со обични клими па да видиме стварно каква е состојбата и дали вреди да се купува инвертер. Јас лично сум задоволен од оваа потрошувачка и ја сметам за економична во однос на термо печки, грејалки, радијатори па дури и дрва. И да кажам само греам 25кв. со 13-ка, а климата е секогаш уклучена во втора брзина, како што може да забележам потрошувачката варира само од надворешната температура, како што паѓа надвор температурата така се качува потрошувачката и обратно, од 320 до 480 вати отприлика.
Vivax acp-12ch35gek, temperatura 21,5 stepen ,20 m2 sever, najdolu vo zgrada, 2 nadvoresni zida, od nikade nikoj ne gree, ostanatite sobi 10 stepeni bez greenje, 8,8 kwh za 24 sati (za 5.12.2013), prethodnite denovi nesto pomalku. Od 6 - 22 casot okolu 7,5 kwh.