Ај сега јас да ви кажам нешто давате по 1000 евра за клими и викате дека се многу економични.Па разликата во цена од 250 до 1000 евра нема да ја извадите за 15 години колку и да се економични спрема ова ѓубрето што јас го имам. Значи
кај е тој есап што го кажува Vanlok дека за 2-3 години се враќа инвестицијата спрема обична он/оф клима
Eсапот е пред тебе, ама треба да си писмен за да го прочиташ.
да не стане некоја забуна сватив дека најјаката клима што ја има тука на форумот некој троши приближно 400 вати на саат да одржува некоја си температура на 22 а мојата најѓубре клима ќе потроши 2 пати повеќе значи не се 2-3 него добри 7-8 години ако мислите дека грешам рачунајте и дајте некој ваши проценки
не зборам на памет ниту си ја фалам климата реков дека не е исплатливо да се грејам на неа по не економична е од обична греалка кој мисли спротивно нека даде здрави аргументи не нешто што прочитал на нет
Не само што на памет зборуваш, туку и арогантен си до бесвест во својата глупавост и незнаење. Tвојата најѓубре клима НЕО (како што и сам кажуваш), не е никаков репер за разумна дискусија.
Наместо да замараш, земи едуцирај се малку. Побарај на интернет што е топлотна пумпа и како работи. Потоа врати се тука и признај колку појма немаш за што зборуваш.
На форумов имаш еден куп луѓе што се греат со клими, дури и ти напишаа точни пресметки, колку киловат часови струја е потрошувачката и колку пари месечно се сметките. Зошто мислиш дека некој сега ќе паѓа во несвест да те убедува тебе, не ми е јасно.
Ова што го пишувам е за сите други што ќе дојдат некогаш на темава да се информираат, па да не се заебат да помислат дека е навистина така како што одвреме навреме ќе се излетаат вакви игнорамуси како тебе.
по ова се гледа дека имаш многу познавање за климатизери.Ти може да имаш и 9000 мислења ама за овие два дена што сум на форумот што се ми кажа имам мислење дека ништо не знаеш сакаш лути се сакаш не
демократија брат тоа е моето мислење за тебе

слободно можеш да делиш совети уште само јас нема да обраќам внимание на нив
Хехе, види вака... не е проблем колку Јас знам. Знам колку што знам, но уште поважно, знам колку не знам.
Проблемот со тебе, не е што ништо не знаеш, туку што не знаеш дека не знаеш, а сакаш нас да не учиш.
Тоа што не знаеш, а доаѓаш да солиш ум на место каде што има луѓе што понешто и знаат... зборува многу за тебе.
Ајт со среќа да си се грееш на панелка, и уживај, остај не тука нас глупавите да „фрламе„ пари на скапи клими.
