Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
А се жали некој тука за Вулверин и Ајрон Мен.

Па не треба да ви биде битно како ќе заврши филмот. Битно е да ги гледате Ајрон Мен и Вулверин. :ROFLMAO:


И мене не ми беше во прв план тоа кој што направил али саат ипол филм за така да заврши ми беше глупо.
Можеше филмот да заврши и со тоа што после 10минути сите ќе се сложат на општо прифатениот крај и ист ефект ќе имаше со таа разлика што немаше да знаеме кој карактерситики ги имаат ликовите.
Што знам.
 
lol son u jokin

Aj кликни.

Плах знаеш какви цициња месев за време на филмот? Уф. :D

Пред 5 минути читав тема во религија (како станавте атеист)... многу глупи мислења, ми се слоши.

Сега гледам дек цицки си месел на твајлајт и си му дал 8ца. Мислам дека е време да паузирам малце од форумов а? :D
 
А се жали некој тука за Вулверин и Ајрон Мен.

Па не треба да ви биде битно како ќе заврши филмот. Битно е да ги гледате Ајрон Мен и Вулверин. :ROFLMAO:


И мене не ми беше во прв план тоа кој што направил али саат ипол филм за така да заврши ми беше глупо.
Можеше филмот да заврши и со тоа што после 10минути сите ќе се сложат на општо прифатениот крај и ист ефект ќе имаше со таа разлика што немаше да знаеме кој карактерситики ги имаат ликовите.
Што знам.
Ако нејќеш такви краеви, гледај го the sunset limited, тој крај ќе ти се свиѓа...
 
Значи со ова хорор филмовите, идат до повраќање :cenzura: го претеруваат ....
Го изгледав The Collector (2009) од режисерот на SAW, добра идеја му се филмовите ама без толку претерувања и мачења подобри ќе бидат.
7/10. Иначе сега искочи и 2-ка :) > >> The Collection 2012
 
Ај малце хипстерај.

Што е поентата на крајот на 12 angry men? Само така се завршува и готово? meh.
Добро, Iron Man 1 и 2 беа добри а 12 angry men нема поента? Да ја немаше Ане на аватар до сега никој немаше муабет да ти прави.
 
Добро, Iron Man 1 и 2 беа добри а 12 angry men нема поента? Да ја немаше Ане на аватар до сега никој немаше муабет да ти прави.
Ајрон Мен 1 беше онака ок. 2ката беше добар.
12 angry men е добар филм што има антиклимактичен крај.

И сега некој ќе ми каже дека битно било карактерот на ликовите глумењето и се тоа.Ама еве сега замислиете ГоТ после 7книги и Х сезони завршува со реченицата "И тогаш малиот Перо се разбуди од чудниот сон што го имаше за некое си место со 7 семејства сите со свои интереси и свои особини. Тогаш дојде сестрата Мира и го извести малиот Перо дека бил долго време во кома и дека тоа што Перо го сонувал не е вистина туку само дел на неговата имагинација. "

Сигурно прва реакција нема да биде "Па добро не е битен крајот битно ликовите беа добри и приказната беше интересна"
 
Не можев да најдам посебна тема, па еве овде:

BHALK_ACQAAf38x_medium.jpg


:)
 
Ајрон Мен 1 беше онака ок. 2ката беше добар.
12 angry men е добар филм што има антиклимактичен крај.

И сега некој ќе ми каже дека битно било карактерот на ликовите глумењето и се тоа.Ама еве сега замислиете ГоТ после 7книги и Х сезони завршува со реченицата "И тогаш малиот Перо се разбуди од чудниот сон што го имаше за некое си место со 7 семејства сите со свои интереси и свои особини. Тогаш дојде сестрата Мира и го извести малиот Перо дека бил долго време во кома и дека тоа што Перо го сонувал не е вистина туку само дел на неговата имагинација. "

Сигурно прва реакција нема да биде "Па добро не е битен крајот битно ликовите беа добри и приказната беше интересна"
Баш ме интересират на крајот шо очеквеше ? Пошо викаш филмот во глобала ти бил интересен али крајот те изневерил ? Си очекувал некој бум на крајот или ? Штета што реално беше претставена атмосферата во поротата,па не беше оставен простор за некој чудесен незаборавен крај... глеај го и преработката од 97,ако случајно црно белата снимка ти предизвикуваше некакви тегоби.

Иначе налетав на едно интересно постаро психо трилерче кое пријанто ме изненади -Frailty (2001). Не напишав рецензија пошо ќе ја полнев со спојлери.
 
Баш ме интересират на крајот шо очеквеше ? Пошо викаш филмот во глобала ти бил интересен али крајот те изневерил ? Си очекувал некој бум на крајот или ? Штета што реално беше претставена атмосферата во поротата,па не беше оставен простор за некој чудесен незаборавен крај... глеај го и преработката од 97,ако случајно црно белата снимка ти предизвикуваше некакви тегоби.
Не ми сметаше црно белата снимка.

Не очекував ништо посебно, ама што знам некако ептен од нигде никаде ми дојде крајот.
90 минути напната атмосфера помеѓу 12 луѓе за на крај сите среќни и задоволни да си излезат од судницата туку така.
Барем некако да завршеше по клише ќе ми беше ок. Онака сите на крај да сфатеа нешто од целиот тој процес за себеси, за животот. Нешто во тој стил.
И сега некој ќе каже дека последниот што го смени гласот сфатил дека не требало толку да биде строг кон своите деца (пошто нели на крај сликата ја искина) ама сето тоа беше 5 секунди работа. Се некако пре суптилно заврши.
И зошто Хенри Фонда единствен во случајот виде нешто што другите не видоа.
Знам дека тоа се објаснува во филмот и има смисла ама ете јас некако потајно мислев дека ќе има некоја поголема причина за тоа зошто Фонда беше во одбрана на детето додека сите беа против него. Барем 5 минути подолг да беше филмот да објаснеа нешто..што знам дека Фонда порано бил во затвор краток период иако бил невин па сега се обидува да ја изнесе правдата на виделина ќе ми помогнеше да спијам навечер мирно :D
 
12 angry men е добар филм што има антиклимактичен крај.
Антиклимактичен :facepalm:

Постовите ти се антиклимактични! Што год тоа да значи...

На 12 Angry Men јас не се помрднав од место, толку ме држеше во напнатост. Прво, треба да уживаш во дијалозите, глумата, карактерите. 12АМ е класика, крајот не е за да извади филмот туку филмот треба да биде комплетно остварување. Случајот е небитен и ако си се фокусирал на случајот си го промашил филмот.

Сега ако толку ти се гледа ваков филм со климактичен крај, пробај со Runaway Jury.

И немој си го хејтал Гленгари Глен Рос оти те ставам 3 месеци на игноре и ти фрлам клетва поврзана со Рафа.
 
Човек да не смее да напише мислење за филм, сите ќе му се нафрлат. Од сега и ја како Плух. Ништо што нема боја не смее да се гледа.

Не реков дека филмот не е добар. Ај нема везе.
Ова е како да те убедувам дека навиваш за погрешната екипа и дека си требало да навиваш за Реал или Јунајтед пошто многу луѓе во светот го сакаат токму тој клуб :D
 
Па и да речеше дека филмот е добар ќе ти скокневме. Што е тоа „добар“? Како Iron Man добар или како Фајкла добар...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom