Моментално во стан кој го грее Топлификација термометарот покажува 20 степени, пред 3-4 дена покажуваше 22 и разликата е огромна. Ама за тоа има друга тема. Слично како и скепар и јас барав и се уште барам добар инвертер за 38-9 квадрати. Читајќи низ разни форуми, најголем впечаток во однос цена - перформанси ми остави fujitsu nocria која во Србија чини околу 950 евра
http://nshop.rs/index.php/fujitsu-klima-uredaj-awyz14lb-nocria-inverter.html, се јавив во претставништвото во Скопје (позади Собрание), ги прашав и прво ме убедуваа дека за толкав простор не ми треба Nocria 14 туку дека ASYG 12-LEC ќе биде сосема доволна, потоа дека нема разлика во перформанси помеѓу Nocria и ASYG 14-LEC и на крај дека немаат на лагер ам може да се нарача. Нормално, ги прашав колку ќе чини? Батката ладно ми рече 1450 евра. Кога му реков дека во Србија и Бугарија е многу поевтино, ми рече извини ама нас по тие цени ни продаваат. Па 50% поскапо ли ви продаваат. Инаку дванаесетката ќе ја земам ама за друг дел од станот. Голема благодарност до сите оние кои потрошувачката на климите ни ја соопштуваат на форумов.