korka
Голтар
- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 1.028
- Поени од реакции
- 435
Јас би ви препорачал на цела зграда да си најдете начин и да си направите сопствен котел така да ќе останете сите со парно греење и ќе си ги поделите трошковите,се разбира секој кој колку ќе троши.Постојат мерачи на потрошувачка и ќе се знае секој колку мерни единици си потрошил толку ќе си плати.А ако почнете сите еден по еден да си правите сопствени парни котли тогаш сте ја наебале и сте фрлиле повеќе пари отколку што треба.Значи ова е само мое мислење ваше е да решите.Секој дом ќе ви биде чист без да носите дрва во секој стан ќе си најдете простор во зградата каде да се постави таа просторија и крај.Ако се решите да го направите овој чекор ќе се информирате со професионални лица и самите ќе решите на што ќе се греете сите.Значи кој колку троши толку си плаќа.Конечно се спасивме од топлификација, цела зграда се исклучи така да сега мора да се бара некое чаре. Последната сметка дојде 4.400 ден. за 54 М2 стан, кога на тоа ќе се додаде и струја за подстаниците ќе дојде и повеќе од 5.000 ден. месечно во грејна сезона. И јас сакам да останам на парно и го грејам цел стан без да му ја мислам ама што е многу многу е, последната грејна сезона од 72 стана останавме само 15-ина и сметките драстично се зголемија.
Е сега што чаре да се најде (за 3 соби), дрва не доаѓа во предвид (треба некој да ги мкне до 5-ти спрат и малце е повалкано), дома две мали деца, панелки? грејачи за во парно?