ЛДП ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА ПАРНОТО
Незадоволство и револт од новото поскапување на парното, трето од почетокот на годината. Се поголем број граѓани одлучуваат да се откажат од услугите на Топлификација и да се греат на струја или други извори на енергија.
Регулаторната комисија за енергетика ја официјализираше одлуката, според која ноемвриските и декемвриските сметки ќе бидат повисоки за 8,42 отсто за корисниците на Топлификација и 13,29 отсто за коризниците на Скопје Север. При тоа можно е
и ново поскапување на парното греење по Нова година. Од Либерално демократската партија денеска доставија жалба до Комисијата за жалби од областа на енергетиката, со која бараат да се укине последната одлука за поскапување на парното. Од партијата со став дека зголемувањето на цената на парното за 15 отсто од почетокот на годината е неосновано.
- Очекуваме граѓаните да ни се придружат и да реагираат за оваа одлука на РКЕ, а членовите на Комисијата за жалби, кои земаат плата од парите на граѓаните т.е. од буџетот, да ги надминат партиските интереси и да донесат одлука во корист на граѓаните, изјави Роза Топузова – Каревска, члена на ИО на ЛДП.
Од Топлификација денеска не сакаа да ја коментираат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и да објаснат зошто инсистираат на зголемување на цената, во ситуација кога се поголем број граѓани се откажуваат од нивните услуги. Нивното единствено објаснување е дека поскапувањето се должи на зголемената цена на природниот гас во последното тримесечје. Последното поскапување на парното беше во месец август. Тогаш од Регулаторната комисија за енергетика објаснија дека тоа во голема мера се должи на намалениот број потрошувачи на Топлификација.
http://www.telma.mk/index.php?task=content&cat=&rub=15&item=11839
Топлификација и регулаторна комисија се поврзани како црева. Жал ми е што не ги откачивме на време, сега мора да чекам да помине грејната сезона. Денес и поплава имав, пукнала цевка во зградата од нивната скапана праисториска инсталација. А они елегантно прогласија дека внатрешните инсталации не се нивни, а порано спрема кажувањето на моите грижата за внатрешните инсталации била на Топлификација, сега единствено што работат е да ги пуштат котлите и да собираат пари.