Проста математика.
за добро греење на станот, јас се греам на еркондишн со сплит систем во месеците октомври - ноември - март-април. Тој троши 1.1 киловат струја на час, кога грее (а често се гаси бидејќи брзо ја постигнува температурата) Да речеме дека е вклучен 10 часа дневно, од кои работи активно 7 часа (работи помалку, но да речеме 7). Тоа се во скапа струја ( а ќе има и евтина тука ) 3.57 денари по 7 часа 25 денари, месечно 750 денари. Значи, секој ден по 10 часа вклучен , само на скапа струја.
Трите месеци, декември, јануари и февруари, се греам на термор конвектори, од кои едниот е од 1.5 киловати, а другиот е од 2.5 киловати. Ако сакате да имате по дома 28 степени во јануари, иселете се во флорида.топлификација ви нуди 22 степени, јас ја држам температурата на 23-24 . Да ја направиме истата пресметка, само со новиве киловати, 4 киловати, односно 4 пати по 750 денари, 3000 денари.
Овие пресметки се направени со скапа струја, иако од 1 до 4 има евтина струја, а има евтина струја и цел ден во недела , и по десет часот навечер.
Просечна сметка за парно на мене ми е 3500 денари. Значи, дури и со конвектори, и пресметка од која треба да се одземат минимум 10-15 проценти, јас заштедувам во најладните месеци по 500 денари. Да не ги сметам другите месеци, кога заштедувам по 3500 денари на месец.
Топлификација е една од најкорумпираните компании во македонија, тоа го знаат сите. И да се гасифицира , немој да мислите дека ќе и намалат цените, само ќе си го лапнат профитот.