Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Брат, од тука гледам дека работиш во топлификација.
Мислиш не работи... Во Топлификација никој ништо не работи. Да работеа нема да беа на оваа дереџе. Светот, за затоплување одамна користи геотермална енергија, сончева енергија, дрвени одпадоци, био маса и тн.
Наместо тоа, тие гледаат од дивидендите и акциите да си купат уште некое станче.
 
Додека живеев во стан се топлевме со парно и навистина беше многу топло ама и сметките беа високи. Еве веќе 4 години живеам во куќа и се топлиме со конвектори (француските) топло е - пеколно, како некој сипаници да лечи. OK, кога не е многу ладно се грееме со климите. Баба ми и дедо ми бидејќи останаа во станот се грееа со парно, но од проста причина што за 2ца не им се исплатеше да плаќаат толкави сметки, а во 21 и 30 веќе беше мраз ладно, решија да го исклучат парното и да си се грејат и они со конвектори. И искрено со конвекторите е многу убаво, зошто сам си регулираш температурата, кога сакаш си уклучуваш/исклучуваш а сметките се каде каде помали. Е сега како што имаат спомнато, доста голема улога е и изолацијата. На пр. еве кај мене стриктно, нова куќа е, јака изолација ... па и многу брзо се затоплува. Моиве се доста задоволни од конвекториве и многу добо се покажуваат сега за сега. :)
 
Дрва! Ем се грееш ем се мрцвариш ем се чадиш.
Бенефиција: атлетски обликувано тело од цепење и носење + гратис кварцање од чадот...да знаат ова крофниве што идат по третмани и салони ќе се преориентираат на цепење:pos:
Ако имаш куќа и некој кеш на страна, направи си комбинација од соларни панели на кров, плус котел на гас во подрум. Ем петно ем зимно време ќе штедиш струја , плус нема да зависиш од никого.
 
ЛДП ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА ПАРНОТО

Незадоволство и револт од новото поскапување на парното, трето од почетокот на годината. Се поголем број граѓани одлучуваат да се откажат од услугите на Топлификација и да се греат на струја или други извори на енергија. Регулаторната комисија за енергетика ја официјализираше одлуката, според која ноемвриските и декемвриските сметки ќе бидат повисоки за 8,42 отсто за корисниците на Топлификација и 13,29 отсто за коризниците на Скопје Север. При тоа можно е и ново поскапување на парното греење по Нова година. Од Либерално демократската партија денеска доставија жалба до Комисијата за жалби од областа на енергетиката, со која бараат да се укине последната одлука за поскапување на парното. Од партијата со став дека зголемувањето на цената на парното за 15 отсто од почетокот на годината е неосновано.
- Очекуваме граѓаните да ни се придружат и да реагираат за оваа одлука на РКЕ, а членовите на Комисијата за жалби, кои земаат плата од парите на граѓаните т.е. од буџетот, да ги надминат партиските интереси и да донесат одлука во корист на граѓаните, изјави Роза Топузова – Каревска, члена на ИО на ЛДП.
Од Топлификација денеска не сакаа да ја коментираат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и да објаснат зошто инсистираат на зголемување на цената, во ситуација кога се поголем број граѓани се откажуваат од нивните услуги. Нивното единствено објаснување е дека поскапувањето се должи на зголемената цена на природниот гас во последното тримесечје. Последното поскапување на парното беше во месец август. Тогаш од Регулаторната комисија за енергетика објаснија дека тоа во голема мера се должи на намалениот број потрошувачи на Топлификација.
http://www.telma.mk/index.php?task=content&cat=&rub=15&item=11839

Топлификација и регулаторна комисија се поврзани како црева. Жал ми е што не ги откачивме на време, сега мора да чекам да помине грејната сезона. Денес и поплава имав, пукнала цевка во зградата од нивната скапана праисториска инсталација. А они елегантно прогласија дека внатрешните инсталации не се нивни, а порано спрема кажувањето на моите грижата за внатрешните инсталации била на Топлификација, сега единствено што работат е да ги пуштат котлите и да собираат пари.
 
Да ве прашам нешто може некој знае. Имаме вградено ќумци за издувни гасови на печка со палети, е сега тие ќумци се многу блиску до вратата и развиваат голема темература. До колку степени може да издржи вратата (пвц) знае ли некој? И дали може да се оштети од оваа температура?
 
Значи кај да е ќе почне да тече вратата. Темературата од издувните гасови достигнува до 270.
 
До колку степени може да издржи вратата (пвц) знае ли некој? И дали може да се оштети од оваа температура?
Практичното искуство секако доаѓа пред теоријата ама еве и малку теорија. Ова иначе се однесува за деформирање при топлина:

http://www.engineeringtoolbox.com/physical-properties-thermoplastics-d_808.html
PVC - Polyvinyl Chloride

  • strong and rigid
  • resistant to a variety of acids and bases
  • may be damaged by some solvents and chlorinated hydrocarbons
  • maximum usable temperature 140oF (60oC)
  • usable for water, gas and drainage systems
  • not useable in hot water systems
За запаливоста на материјалот:
http://www.pvc.org/en/p/pvcs-physical-properties
Fire retarding properties
PVC has inherently superior fire retarding properties due to its chlorine content, even in the absence of fire retardants. For example, the ignition temperature of PVC is as high as 455°C, and is a material with less risk for fire incidents since it is not ignited easily
Chart_09WEB_large.jpg
Furthermore, the heat released in burning is considerably lower with PVC, when compared with those for PE and PP. PVC therefore contributes much less to spreading fire to nearby materials even while burning.

Chart_10WEB_large.jpg
Therefore, PVC is very suitable for safety reasons in products close to people’s daily lives.
 
Значи кај да е ќе почне да тече вратата. Темературата од издувните гасови достигнува до 270.

270 Целизус? Навистина е ризично, може да се запали дури и хартија само по себе на таква температура. Фаренхајт 451 :) вика Бредбери, сериозно не може да се редуцираат со некоја изолација тие издувни гасови? Еве подолу линк од температурите на самозапалување на одредени материјали.

http://en.wikipedia.org/wiki/Autoignition_temperature
 
Значи кај да е ќе почне да тече вратата. Темературата од издувните гасови достигнува до 270.
каква печка имаш на пелети. овие на екошпар или некоја друга.
за парно или обична??
не би требало повеќе од 210 ,220 степени при максимална снага на печката, далеку од 270степени. на 250 треба самата да премини на минимум за да се олади.
инаку отрпилика далечина треба да има од запаливи материјали околу 30 сантими.
или попросто кажано колку температутрата на издувните гасови е помала а печката убаво гори, толку искористеноста на изменувачот е поголема, и обратно. колку е поголема температурата на издувните гасови толку џабе ти избегало топлина низ ќумците.
 
Од екошпар.
Ќумците се вградени под бетон и плочки, но сега приметив дека плочките се топли, а во нивна близина е вратата. Нема повеќе од 15см од вградените ќумци до вратата. Во тој меѓупростор има бетон но некако ми е сомнително да не се оштети вратата, бидејќи кога печката гори плочките надвор се многу жешки.
 
Многу деликатно прашање. Не е проблем дали вратата ќе се запали или дефорнира, туку што пластиката изложена на тепература побрзо ќе старее, ќе ја промени бојата и ќе ги смени механичките особини. Најдобро е да не биде изложена на температура.
Веројатно тоа сега не е можно да се избегне, бидејќи оџакот и печката веројатно не можат да се преместат. Мислам дека добро да се постави термичка изолација меѓу ѕидот и вратата. Како привремено решение предлагам да некако на вратата, како заштита, се постави подебела мокра крпа. Додека крпата е мокра, температурата ќе биде ниска.
 
Од екошпар.
Ќумците се вградени под бетон и плочки, но сега приметив дека плочките се топли, а во нивна близина е вратата. Нема повеќе од 15см од вградените ќумци до вратата. Во тој меѓупростор има бетон но некако ми е сомнително да не се оштети вратата, бидејќи кога печката гори плочките надвор се многу жешки.
не би смеела во никој случај да ви крева толкава температура 270 степени. максимум треба да биди до 250 и после да се превентилира за да се олади. најчесто треба да се движи од 170 до 210 степени, претпоставувам знаеш како се гледа ама ако не знаеш само притискаш со задржвање на копчето за промена на температура (мислам дека беше под број 1)без притоа да притисниш на сет.
сега стварно незнам што бараат ќумците позади зидот и плочките, и дали така било или така мајсторите направиле, но кога ке дојде за чистење во година да не си видиш мака.
стварно незнам што да ти речам за загревањето пошто едно е воздушна линија , друго е бетон и плочки, но ако можеш да ја доприш со рака плочката која е најблиску до вратата тогаш не би требало да има проблем.
ако те интересира уште нешто поконкретно за печката слободно прашај, ги монтирам тука во битола.
 
Неможеш да ја допреш со рака жешка е плочката. А за температурата ќе проверам. Значи од 120 до 170 степени не би требало да се стопи вратата?
 
Неможеш да ја допреш со рака жешка е плочката. А за температурата ќе проверам. Значи од 120 до 170 степени не би требало да се стопи вратата?

Да не експериментираш, постави измеѓу вратата и плочката тервол (стаклена волна). Има два типа на таков, едниот е наменет за звучна изолација, другиот е за топлинска, мада и двата имаат добри својства. Татко ми секаде го монтира Isover Acoustic. На лимен покрив на зграда (изложен на сонце нон стоп во лето), лимот се загрева 70-80 степени. Со 10 цм тервол се обезбедува оптимална топлинска изолација + добиваат екстра звучна изолација (ко ќе врни да не ти тропа дома). Ако поставиш 20 цм дебелина, реално од едната страна ако имаш 100-150 степени, од другата ќе имаш 30-35.
 
Јас ќе поставам али треба од ново да кршам низ дома :)
Очигледно некој заборавил да стави стаклена волна, останатиот дел од цефките се изолирани со алуминиумска фолија и стаклена волна и таму нема видливи ефекти од топлината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom