Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Ја имам две такви.Едната е 5-6 години стара и се уште супер ме служи,добро грее и во најладните денови.Другата ја земав лани,понов модел и за ладење е добра ама за греење не ја бива.Штом падне температурата под нула толку е од неа..Еден другар има "vailant" - инвертер и многу ми ја фали,па се мислам и ја една таква да земам,околу 30000 биле.
Информација за "Vaillant" инвертер да ископаш, ќе завршиш голема работа. Тоа беше фирма за грејни тела конвектори нели така?.... Ако не се лажам Германско производство се!?
 
Другаров ја зема лани и многу ми ја фали.Заборавив како се викаше фирмата од кај шо ја земал ама знам дека околу 30000 беше.Инаку, да германска фирма се и имаат конвектори,имам и ја еден таков дома,5-6000 беше пред 2-3 години.
Климиве не верувам дека ги прават во Германија,ама за тие пари би требало да вредат..Ја 99% ќе земам една деновиве,па ќе ви кажам од прва рака дали ги ги бива :)
 
Информација за "Vaillant" инвертер да ископаш, ќе завршиш голема работа. Тоа беше фирма за грејни тела конвектори нели така?.... Ако не се лажам Германско производство се!?
jas gi poznavam samo kako bojleri za greenje na gas
u stvari kotel na gas najekonomicen sto momentalno gi ima na pazarot vo evropa
imam eden prijatel raboti so niv pretstavnistvo drzi i servisira
odat kako alva samo ne vo MKD nadvor vo evropa
eve ti eden sajt srbski i ke ti pustam cenovnik ako uspeam da simnam ili da dobijam
http://www.vaillant.rs/
 
dali nekoj znae nesto vo vrska so granitni termo ploci(potrosuvacka.moknost,kvalitet.....) ???
 
дали некој има искуство со бугарски камин PRITY со котел за парно?
 
Најважна е изолацијата. Инаку по ефикасност одат вака инвертер (троши 1 киловат на час и е најефикасен бидејќи има поголема контрола на моторот и температурата во собата) , па сплит систем (исто троши 1 киловат на час, ама не работи ефикасно под минус 5 степени) и на крај панелки (за 20 м квадратни доволно ти е една од 2 киловати, значи ќе троши 2 киловати на час). Е сега, за оваа соба ти што ја зборуваш, пресметај си, ако климата троши 1 киловат на час ама кошта 40 илјади да ја купиш, а панелката 2 киловати ама чини 5000, кога ќе си ги вратиш парите од заштеда на струјата. Во превод, дали е канцеларија , дом или продавница? Дали мора секогаш да биде на иста температура (има мали деца, болни луже ,старци) или си само ти? Дали сакаш да ти биде на 22-23 степени или на 26-27? Дали ќе се отвара/затвора вратата често? Дали има блиску до неа излезна врата или ходник кој не е затоплен? Дали има над и под тебе простории кои се загреани? итн итн.
Исто и пресметката не е 10 киловати на ден бидејќи тие не работат активно цело време, туку колку што е подобро изолирано помалку. Може да се случи да ти биде цело време вклучено, но ако е надвор малку потопло/имаш добра изолација, активно да работи само 2-3 саати на ден. Од 13 до 16 часот имаш евтина струја. Ај доста, мислам дека имаш доволно за да си донесеш одлука.
Се думам меѓу панелка и клима обична...
--- надополнето: Oct 18, 2011 12:22 PM ---
Не ми треба јака температура, доволни би биле 22степена,а ќе се корити само преку ден, кога е најтопло од 08-18часот.Едни викаат обична климе немој за зима,други викаат брка работа и биле поекономични од панелките...
 
Климата работи и до минус 5 (овие поквалитетниве што се сплит системи) и бидејќи ќе се грееш преку ден, најпаметно ти е да земеш таква, но со ризик дека ќе има денови кога ќе биде и под 0 (бидејќи климата иако грее и до минус 5, таа не е многу ефикасна под 0) па во тие денови да се снајдеш некако. Јас лично во големата соба имам клима сплит систем обична, топли без проблеми преку ден до јануари, јануари и февруари имам 2.5 киловатна панелка таму (кога е под нулата ја пуштам само). Кај мене во соба имам 1.5 киловатна панелка бидејќи ем ретко сум дома, ем и нема голема разлика меѓу 1.1 и 1.5 киловати струја, а собата е мала и добро изолирана, брзо се топли и вака. На крајот се доаѓа до тие неколку денови/недели кога ќе биде под нулата што ќе правиш. Инаку сплит систем е најдобро, не заборавај дека тој и лади преку лето.
 
Фала на одговориве.Иначе по твое кое е бест бај сплит систем?
 
дали некој има искуство со бугарски камин PRITY со котел за парно?
јас имам искуство од тие камини или поточно од складова техника пред да се разделат на две фирми.
сега од прити мислам дека се малце од потенок лим!! инаку како камини се добри.
многу битно е да ги погодиш коловатите на каминот со просториите кој планираш да ги грееш. најпроста математика ти е 1 кв отприлика 7 квадрати ако таванот ти е 2.60 м. друга битна работа што треба да ја знаеш е дека каминот зрачи 40 % во собата и 60 % во цевките од топлината. значи ако планираш да грееш 100 квадрати рачунај дека со парното отприлика ке грееш 60 квадрати а другото ке го зрачи во просторијата каде е поставен. сега не го земај ова како закон оти може да варира со некој процент ама како ориентација
е сосем доволно за да се одлучиш за кој модел на камин.
 
епа вака сеа,јас планирам да земам нешто појак камин одколку што планирам да загревам за во случај и натаму да можам да додадам уште некој радијатор,инаку ме бендиса модел мислам дека В24 беше пошто гледав на некоја шема дека освен од страна има цевки за вода и нагоре кај што ќе може повеќе да се загрева водата, а најмногу ме интересира квалитетот да не се многу лити па да имам проблеми во скоро време?
 
Според еден другар којшто сигурно е некоја мешавина од Евреин и Влав најисплатливи му биле и најмногу штеделе мермерните плочи

imgres

Некој ако има вакво дома или што се разбира повеќе да сподели искуство?
 
За мермерни плочи имаш неколку поста на страна 32.
 
епа вака сеа,јас планирам да земам нешто појак камин одколку што планирам да загревам за во случај и натаму да можам да додадам уште некој радијатор,инаку ме бендиса модел мислам дека В24 беше пошто гледав на некоја шема дека освен од страна има цевки за вода и нагоре кај што ќе може повеќе да се загрева водата, а најмногу ме интересира квалитетот да не се многу лити па да имам проблеми во скоро време?
вака по модел слабо , сакам да ти кажам дека добри се , по EPA стандарди се , а за јачината ти кажав 1 кв ти се 7 квадрати ако таванот ти е 2.60 .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom