Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Веројатно и додатен греач во надворешната единица, коишто овозможува работа и до -15*Ц за разлика од обичната клима која може да работи само до -5 или -6*Ц.... Има ли решение за обичната клима да работи и на така ниски температури? На еден српски форум прочитев дека во истата ставале по 2 обични светилки (сијалици) коишто ја вршеле успешно таа операција - одржување на температурата повисока од -5*Ц... велат: ‘‘Сиромав човек - жив ѓавол!‘‘... веројатно тоа и на идеава се однесува... Сега Кано кој бај д‘ веј исто рече дека имал решение за обична клима да ја направи ‘‘инвертор‘‘ те да работи и на пониски од пропишаното.... ќе се смее можеби за ова со сијалиците... Што мислиш младичу со сложено име.... можно ли е ‘‘ФАТАМОРГАНА‘‘....е сега по-можно е некоја Фата под јоргана...:P (поинтересно е и поквалитетно топлењето) одошто фатаморгана.... може ли баба да има ‘туле‘???
 
Прашај паталец а не гаталец...Јас имам две обични клими, едната е декларирана до минус 7 степани целзиус, а другата, која е постара, до 0 степени. Со нив се греам три сезони, оваа ќе биде четврта. Ниту еднаш не сум имал застој поради ниски теператури, а климите се уклучени нон стоп 24 часа.
Слободно купи што ти се бендисува и што можеш да купиш и немај гајле. Првата година за да се обезбедам, ако климите престанат да работат купив два електрични калолифери од по 600 денари. Никогаш не бев во ситуација да ги употребам. И ти можеш да направиш слично ако си несигурен, но мислам дека нема потреба.
 
Enough arguing,start some research..

решив да не седам со скрстени раце и да идам и да видам што стварно има од клима уреди анд guess what I found...

a) Fujitsu asyg12 lec како и останатите Mid-range продукти се произведени од Кина али имаат quality check во Јапонија, доста паметно.

Ова го дознав така што им пратив мејл на Фјуџицу и ми одговори фирма Хидро-сет која рече дека била препратена таа порака кај нив (иначе Хидро-сет е York што ја спомнуваа дека е позади собрание). Цената на Asyg12lec i 700eur.

b) Mitsubishi klima (high klasa) всушност има во мк и нз како се викаше точно моделот али бројов на фирмата што ја продава ја најдов на задниот влез на стопанска банка во гтц каде што пишуваше mitsubishi, таму го пишуваше и бројот на фирмата што ги продава..3137-495 типов ми рече дека исто продаваат и Midea и ми спомна еден мн. добар уред кој кошташе негде 30.000 и беше доста солиден. Ми рече мидеава е ептен јака за греење и немале доста проблеми со сервисирање на тие уреди а сервисирале 7-8+ години.

c) Daikin ИМА во Македонија, има доста фирми кои се дистрибутери за Daikin во Македонија еве листа http://www.daikin-ce.com/sales-network/macedonia.jsp. Работата е што никој од нив нема на лагер и се иде преку нарачка. Гаранција офц нуди фирмата 36 месеци обично. Од тоа што се јавив во Паксон ги прашав да ми кажат отприлика цени за да споредам со Бугариве и:

http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/daikin-ftxr28e-ururu-sarara-81.html - околу 1500еур

http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/daikin-ftxs35j-802.html# - 1000еур сосе инсталација

Даикин се белгиски иначе.

Од ова што гледам во скоро време Тошиба планира да премести некои од производствените капацитети за климите кај Мидеа така што Мидеа исто изгледаат доста квалитетни.

Значи заклучок од тоа што видов е:

Најбоље уред со инвертор до 30к = мидеа

Најбоље уред со инвертор до 60к = даикин

Најбоље уред со инвертор до 90-100к = тошиба daiseikai
 
Ајде дечки кажувајте.Просторија околу 20м2,средно изолирана која ќе се употребува од 08-18 часот,кое би било најисплатливо греење.Читав за климиве и инверториве.Дали клима би завршила работа или ќе мора инвертер.Која е разликата у потрошувачка помеѓу двете?
--- надополнето: Oct 17, 2011 10:22 AM ---
Или овие панеливе да се стават?Читав погоре не биле нешо ефикасни?
 
Најважна е изолацијата. Инаку по ефикасност одат вака инвертер (троши 1 киловат на час и е најефикасен бидејќи има поголема контрола на моторот и температурата во собата) , па сплит систем (исто троши 1 киловат на час, ама не работи ефикасно под минус 5 степени) и на крај панелки (за 20 м квадратни доволно ти е една од 2 киловати, значи ќе троши 2 киловати на час). Е сега, за оваа соба ти што ја зборуваш, пресметај си, ако климата троши 1 киловат на час ама кошта 40 илјади да ја купиш, а панелката 2 киловати ама чини 5000, кога ќе си ги вратиш парите од заштеда на струјата. Во превод, дали е канцеларија , дом или продавница? Дали мора секогаш да биде на иста температура (има мали деца, болни луже ,старци) или си само ти? Дали сакаш да ти биде на 22-23 степени или на 26-27? Дали ќе се отвара/затвора вратата често? Дали има блиску до неа излезна врата или ходник кој не е затоплен? Дали има над и под тебе простории кои се загреани? итн итн.
Исто и пресметката не е 10 киловати на ден бидејќи тие не работат активно цело време, туку колку што е подобро изолирано помалку. Може да се случи да ти биде цело време вклучено, но ако е надвор малку потопло/имаш добра изолација, активно да работи само 2-3 саати на ден. Од 13 до 16 часот имаш евтина струја. Ај доста, мислам дека имаш доволно за да си донесеш одлука.
 
Дали некој знае нешто подетално за ''норвешки радијатори''?Кај нас ги нема (најблиску може да се купат во Врање ) а бидејќи се мислам помеѓу Thermor i овие норвешки би сакала да слушнам дали некој има некаква информација која би помогнала да се одлучам
 
Денеска бев до техномаркет за да земам од НЕО/то за во спална и се изнервирав малку, климите што ќе се купат таму мора да бидат инсталирани од одредени фирми кој наплаќаат дупло повеќе за инсталација за разлика од останатите фирми кој немаат договор со нив, во спротивно гаранцијата нема да ти биде валидна.

Навистина ми е докурчено од вакви монополски финти и сакам да се јавам во нивната дирекција за да прашам дали тоа е политика на фирмата или пак продавачите/менаџерите од продавницата имаат одреден процент од тие сабконтрактори кој инсталираат клими. Која е логиката да ме условува како ќе ја инсталирам климата и краен случај зошто цените не се фер, не може обичен мајстор да инсталира клима за 1500 денари, додека овие да инсталираат за 4000.

На официјалниот сајт не можам да најдам телефон ниту пак и мејл од главната дирекција кој сигурно ќе бидат загрижени за тоа со каква транспарентност менаџираат во продавниците. Ако има некој телефон од дирекцијата или пак и мејл нека пиши тука или на ПП.
 
За ‘‘норвешките радијатори‘‘ само имам читано на специјализирани сајтови за климатизација и греење.... можам да кажам дека прочитав само пофални зборови! Прецизни термостати, напредна технологија на греење, иновации некои кои овозможуваат да бидат барем 30% поефикасни од класичните конвектори, што би значело во една просторија од 20м2 со просечна изолација и исто таква столарија, наместо ‘‘Thermor‘‘ со инсталирана моќ од 2Kw, од норвешките 1,5 ке ја врши истата работа! Но тоа е добрата вест! Лошата е што се барем 2-2,5 пати поскапи од обичниве конвектори..... имаш ли податок за цените? Не би требало да се под 200-250 Евра. Инаку од овие Француските Thermor, користам јас... и многу сум задоволен и од квалитетот на греењето па и од сметката за струја (донекаде) греам две простории од по 14 и 12М2 со просечна во едната и добра во другата соба изолација.... сметката за струја 3-3,500,- Ден/мес вон грејна сезона пола 1200-1500....(два члена)
Денеска бев до техномаркет за да земам од НЕО/то за во спална и се изнервирав малку, климите што ќе се купат таму мора да бидат инсталирани од одредени фирми кој наплаќаат дупло повеќе за инсталација за разлика од останатите фирми кој немаат договор со нив, во спротивно гаранцијата нема да ти биде валидна.

Навистина ми е докурчено од вакви монополски финти и сакам да се јавам во нивната дирекција за да прашам дали тоа е политика на фирмата или пак продавачите/менаџерите од продавницата имаат одреден процент од тие сабконтрактори кој инсталираат клими. Која е логиката да ме условува како ќе ја инсталирам климата и краен случај зошто цените не се фер, не може обичен мајстор да инсталира клима за 1500 денари, додека овие да инсталираат за 4000.

На официјалниот сајт не можам да најдам телефон ниту пак и мејл од главната дирекција кој сигурно ќе бидат загрижени за тоа со каква транспарентност менаџираат во продавниците. Ако има некој телефон од дирекцијата или пак и мејл нека пиши тука или на ПП.
Ама навистина се гнаси! Ми се повраќа од нив! Инсталирање те обична монтажа на клима која бај д‘ веј чини 11-12,000 наплаќа 1/3 или повеќе! Па кај го има тоа!? Остај што се поскапи, и тоа многу поскапи од понудата на клими бо Белград да речеме (отворете Техномаркет Србија па ќе се уверите! Редовно по неколку иљадарки наши се пониски цените)..... па уште и колат со цените на монтажа! Но тука не завршува колежот.... многу ми се интересни ко ке кажат: Гаранцијата се продолжува на 3 години, но задолжителен е годишен редовен сервис кој веројатно се плаќа ‘‘дебело‘‘.... па со монтажата и со двата редовни сервиса двапати ќе ја платам климата бе гадови ниедни!!! Која дрскост човеку!? .... Оди во Нептун купи си Беко, многу задоволни од овие клими се луѓето што ги имаат. Или Мидеа, некој спомна погоре.... незнам навистина каде има Мидеа!? Работеле и на пониски температури од -5.... ама дај не е 30,000! Можеби Мидеа Инвертор, но овичните не би требало да се поскапи од 14-15,000.
 
Вредат ли стварно овие задолжителни сервиси, или да не ги викам кога ќе помине една година?
Земавме клима Беко од Нептун пред неколку месесци и луѓето од фирмата што го монтираа ни рекоа дека мора сервис секоја година. И колку е скапо ова сервисирање? Логично би било да ги викам само ако нешто не е во ред.
 
Et tu mi fili Brutus.... и ти ли брате Нептуне!? И тие ли истата финта? Изгледа сите истото го прават!? Јас имам Vivax обична клима.... и на крај памет не ми падна да викам за редовен сервис... еве помина рокот за ветената гаранција.... 4 години работи ко саат! :) Незнам, навистина колку чини сервисот, но претпоставувам ќе ти накалапат едно иљадарче!.... и уште едно за третата година + 4,000 за монтажа = половина од цената на климата!
--- надополнето: Oct 17, 2011 4:25 PM ---
Et tu mi fili Brutus.... и ти ли брате Нептуне!? И тие ли истата финта? Изгледа сите истото го прават!? Јас имам Vivax обична клима.... и на крај памет не ми падна да викам за редовен сервис втората и третата година... еве помина рокот за ветената гаранција.... 4 години работи ко саат! :) Незнам, навистина колку чини сервисот, но претпоставувам ќе ти накалапат едно иљадарче!.... и уште едно за третата година + 4,000 за монтажа = половина од цената на климата!
 
Абе прочита некој ова горе ^^ Има Daikin за 1000ка и Midea за 500eur луѓево се фатиле за Беко, Нео и Панасоник..лол.

Колку мислите дека е доволно стиропор метри за изолација? Едни викаат 10 некои 5..
 
Абе прочита некој ова горе ^^ Има Daikin за 1000ка и Midea за 500eur луѓево се фатиле за Беко, Нео и Панасоник..лол.

Колку мислите дека е доволно стиропор метри за изолација? Едни викаат 10 некои 5..

Јас ќе местам 7 ка кај летната кујна :D, мислам дека е доволно за температуриве кај нас.

После понеделник планирам да одам до Скопје каде се наоѓа точно дуќанот за Мидеа?
500 евра веќе ми влегува во буџет, Нео е клима земена на разгледување зошто има Тошиба компресор и е 200 евра, ама ме нервираат шупцине од техномаркет.
 
Не го запишав името али бројот го имаш горе, како што реков им најдов налепницата на надворешната единица на стопанска во ГТЦ. Јави се само и прашај. Мислам дека они се дистрибутери и они инсталираат и све тоа. Фирмите како оваа им даваат роба на Техномаркет и сл (кои се btw идиоти од мое искуство исто така, кој од кој) и овие им даваат само реклама а за возврат веројатно земаат процент.
 
Оди во Нептун купи си Беко, многу задоволни од овие клими се луѓето што ги имаат. Или Мидеа, некој спомна погоре.... незнам навистина каде има Мидеа!? Работеле и на пониски температури од -5.... ама дај не е 30,000! Можеби Мидеа Инвертор, но овичните не би требало да се поскапи од 14-15,000.
Ја имам две такви.Едната е 5-6 години стара и се уште супер ме служи,добро грее и во најладните денови.Другата ја земав лани,понов модел и за ладење е добра ама за греење не ја бива.Штом падне температурата под нула толку е од неа..Еден другар има "vailant" - инвертер и многу ми ја фали,па се мислам и ја една таква да земам,околу 30000 биле.
 
Од мое искуство, најефтина варијанта лани се покажа: нео-клима (до -5) преку ден, нема гајле работи и на -10 и термопечка (големина 6ка). Лани максималната сметка беше 3800, и тоа мислам јануари беше. Ова зборам за просторија од 30 квадрати и постигнати идеални 22 степени. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom