Гледам се разбираш од климите и би ти поставил едно прашање. Сакам да монтирам нов инвертер и ме интересира за греење(ладењето не ми е битно) дали е битно каде да се постави надворешната единица. Мене ми се паѓа да ја ставам на север. Е сега за да ја ставам на југозапад ќе треба цревото да ми оди однадвор околу 5м пред да влезе во собата. Прашањето ми е дали би било подобро и пофункционално надворешната единица да е на југ и ако е дали е добро надворешното црево да оди однадвор 5м?
Спрема техничките податоци на Тошиба инвертерите гледам дека со опаѓањето на надворешната температура опаѓа и моќноста на инвертерот и поради тоа претпоставувам дека ако надворешната единица е поставена на сончева страна температурата би му била поголема за некој степен и со тоа и моќноста што ја дава.
А пак од друга страна ако надворешното црево е подолго од надвор полесно би мрзнело и претпоставувам дека тоа би било негативно за работата на инвеертерот .
Дали оваа мое размислување има некоја логика?
Според мене а мислам и останатите би се согласиле најдобро е надворешната единица да биде покриена (т.е зимно време да не се натрупва снег на неја додека зимно време кога има сончеви денови истата колку толку да ја фаќа сонце...) кај мене е така и посебно внимавав на тоа каде да ја поставам "не ги прашав нив кај да се постави туку му реков јас" нормално притоа да не се наруши циркулацијата на топлина од внатрешната единица.
Додека кога сме кај должината на цевките според Инженерската книга на Тошиба сите мерења на капацитетот на клима уредот при различни температури е правен на 5 м должина на цевки... така да и во тој случај нема да имаш загуби... се разбира доколку цефките ти се изолирани како што трена (секоја одделно со изолација не послаба од 9мм) кај мене кога ми ја монтираа ми ги ставија двете цефки под една изолација од 5мм, среќа бев на работа и не видов инаку ке ги отерав у три пичке материне за едни 200 ден. изолација. Па после то си ојдов како чоек си купив изолација и ги изолирав секоја посебно плус уште една најголема му ставив над нив и ги обложив со белата трака...
BTW надворешното црево неможе да замрзне доколку е изолирано како што треба и се додека има движење на фреон низ него немаш гајле плус прв пат гледам Тошибата кај мене навечер кога ке го исклучам се слуша дека целиот фреон што циркулира низ топло-оддавачот на внатречната единица го собира во компресорот на надворешната единица, така да ништо од фреонот не останува во цефките.
П.С комшијата до мене 10 години се грее на Шарп инвертер клима уред кој му е поставен на Северната страна од куќата и има должина на црево од 7м (незнам само колкава просторија грее али вероватно нема никаков проблем штом тоа го користи постојано)
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 16:58 ---
@kickass сфати го ова добронамерно, освен ако не се бавиш со монажа на клими професионално не гледам причина сам да монтираш а како основа да ти се совети и мислења од форуми итн. Посебно ако имаш поквалитетна и поскапа клима - Тошиба. Ако имаш доволно средства да ја купиш стварно мислам дека парите за монтажа не треба да ги штедиш. Еве пишале дека не се задоволни од монажата на Тошиба од енергија, јас имам мулти сплит инвертер Тошиба од Аиркон со нивна монтажа и сум презадоволен, точките што ги навел човекот од Битола кај мене беа запазени, вакуум, изолација, баш како што е препорачано од Тошиба.
Муабетов со монтажава: имам пари да купам Ферари ама после штедам за срвис и сам му мењам уље. Не дека не е изводливо туку едноставно не иде.
Не го советувам сам да прави никакви монтажи но го советувам додека му ја монтираат да пази и да си бара сето тоа да биде испочитувано.. Кај мене и покрај тоа што платив не беше испочитувано па морав дополнително сам да си ставам изолација... Да вакумирам не можам али тоа е тоа секакви говеда монтираат кај нас и покрај тоа што кога го купував климатизерот од Енергија услов ми беше истиот да биде вакумиран... на крај краева тоа го пишува и на самиот климатизер на капакот од надворешната единица каде што одат цефките.
Инаку кој е проблемот со вакумирањето:
Доколку не се вакумират цефките и натрешната единица голема е можноста да има некаква влага во нив па кога таа ќе почне да мрзне во цефките (бидејќи едната е секогаш топла другата е ладна) капките мраз може да го оштетат компресорот кога ќе проциркулираат низ него или во најлош случај доколку има поголемо количество на влага може да дојде до замрзнуване и затнување вентилот низ кој врви ладнит фреон.
Климите кој не се вакумирани најчесто првите 3-4 години не пројавуваат проблеми али потоа излегуваат проблемите и наместо да го работиш 10 год. со редовно сервисирање ќе се отепаш од поправки. Да се надевам дека нема да ме снајде мене истото...

се е супер..иако вака долг пост(над мене) ни на бг форумите не сум прочитала