Ај после долго време пасивно читање на темава да се приклучам и јас....
Купив Toshiba RAS_SKVP2 Daiseikai 6 - 16000 btu или 5-6kw кој го користам примарно за греење на простор од околу 40 м2.
Ја користам скоро 3 недели и можам да кажам дека вреди секој денар што го дадов (барем сега за сега... ќе видеме на -20 во Битола како ќе се покаже). Нуди извонреден кмфор и прецизност во одржувањето на температурата во просторијата.
Клима уредот го зедов од Енергија кој мислам дека се меѓу посериозните на нашиот мизерен пазар... Но кога станува збор за монтажа на клима уреди е тука сме "тапа" и "мизерија" воопшто не сум задоволен од монтажата.... Незнам дали сте слушнале за "Вакумирање" на клима системот кога прв пат се монтира со што би се обезбедило идеално чисти и без влага цевки низ кој тече фреонот. Или пак изолирање на секоја цевка одделно со соодветна изолација која е пропишана во упатството за инсталација од Тошиба.
Дечки ништо од тоа се сам правев откако ја монтира нивната екипа...
Инаку да се вратам на работата на клима уредот бидејќи тоа е поважно.
Овие три недели го работан на 50% од моќноста која ја нуди компресорот и одржувам постојана температура од 22 степени во просторот од 40м2 (дневна, трпезарија, кујна).
Не го оставам сеуште постојано да работи пошто и температурата сеусте не паднала под 0. Бидејќи претежно сме на работа сега за сега го држам овој режим на работа (од 13ч до 16ч и навечер од 19ч до 01ч) или вкупно 9ч-10ч работа инаку просторот има инзвонредна изолација демит фасада плус сендвич ѕидови "куќа".
Температурата варира 1 односно 2-3 степени помеѓу исклучувањата од 16 до 19 и од 01 до 08 сабајле.
Потрошувачка:
Вкупно 5-6 kw за 10ч работа. најниска потрошувачка со која ја одржува зададената температура е 200-400 w зависно од надворешната температура доколку е пониска околу 0 ја одржува температурата со 500w потрошувачка (потрошувачката ја пратам со Energy Check 3000 уред купен од Конрад електроник Скопје по цена од 1200 ден.) за неговата точност можам да кажам дека е 100 % точен бидејќи го тестирав самиот со обична сијалица од 100 и 200 w и покажуваше точна потрошувачка.
P.S Догодина планирам да купам уште две вакви клими со помала моќност за двете спални.
Се изморив.... поставете прашана па ќе ви одговорам за се...
И да не испаднам себичен еве линк од бугарски форум... од таму научив се и сешто поврзано за климатизерите (монтажа , начин на работа итн.) Луѓево таму се греат исклучиво на клима и се презадоволни.
http://forum.setcombg.com/всичко-за-климатиците/
поздрав,