Fuji и Fujitsu се всушност истите клими, најверојатно променета е само налепницата, со оглед на тоа дека имаат и исти спецификации а и двата бренда се под Fujitsu General.
Само спецификациите сеуште не ми се за верување, иако ги проверив и како Fuji и како Fujitsu, и секаде се истите спецификации и на еуровент и на каталогот од проиводителот.
3,1KW топлина на -7 и COP од 2,43 и 4KW топлина на +7 и COP од 3,92 и во верзија како Fuji и како Fujitsu на еуровент од 26kg надворешна единица ми е тешко заверување а тежината е идентична и во каталогот на Fuji и на Fujitsu од 2015 и 2016 година а плус истата тежина е дадена и на повеќе веб страни.
Дали некој ја има оваа клима да пренесе впечатоци или барем да каже кои податоци биле дадени на пакувањето?