Ве читам внимателно и горе-доле сте во право што се однесува до квалитетот на Vivax климите, посебно за инвертерите кои веќе 4-5 години по ред се доминантни на пазарот во однос цена-квалитет, а дури слушнав информација и дека како бренд имаат добиено маркица BestBuy односно за тие пари што се вложуваат дека се добива максимален квалитет. Е сега, како и со сите работи што се произведуваат во Кина знае да има по некој дефект или слаба страна но тоа се ретки случаеви и претежно се случува кога лошо ќе се процени состојбата во куќата/станот во смисла на изолација, страна на која гледа собата каде што се лади/загрева, спрат итн. Затоа, мој совет ви е прво да си повикате монтер или постручно лице за да го види теренот и да ви помогне подетално околу изборот.
Од 3,5ките GEYI веќе нема а нема ни да има, ама од 5ките мислам дека уште нешто може да се најде на лагер и затоа побрзајте вие што сте неодлучни бидејќи не чека долго и топло лето, а после тоа уште подолга зима

AEHI е исто солидна серија, со по некој новитет и мислам дека во 95% е иста како и претходната GEYI.
Поздрав до сите, прашувајте за Vivax се што ве интересира бидејќи сум во таа сфера и навистина можам да ви помогнам. Може и на приватни пораки, чисто темата да не страда од постови само за овој бренд.

[DOUBLEPOST=1431945559][/DOUBLEPOST]
Се сложувам со се напишано но сепак мала пажња тука дека AEHI слично како и GEYI e за до -20 температура (а тоа секако не значи дека е строго до -20 туку може и подолу) така да воопшто не верувам дека ќе стигне да замрзне