Апсолутно се сложувам! Ама тука има и нешто повеќе од тоа… Менталитет е во прашање!
Кога овој народ ќе научи дека струјата е енергенс исто како и нафтата, гасот, дрвата, јагленот?! Кога овој народ ќе научи, пардон сфати дека живееме во капиталистичко општество каде владее саморегулација преку понуда и побарувачка?!
Нафтата ни ја направија 100че, бензинот 110, и на сите ни е јасно(причини/последици) и никој не се буни т.е. знаат дека и да се бунат, ништо не можат против светските текови во кои ние не сме ни една капка!
А сега за струјата, ука-бука, аман-заман! Па уште и угледувања на блокови од Србија.
А само тука во овие вукојебини може да се сретне такво нешто… во земји што не знаат што се! Нит се социјализам, нит се капитализам, тука најблиско по дефиниција до fail states, корумпирани протекторати и банана републики.
Решила државата да субвенционира до 500кв(или 600 небитно), речи фала и за толку!
Оти земјоделецот што троши нафта за ние да имаме леб, плаќа исто колку и некој со џип што троши колку трактор на орање, а за да пие кафе у град паркиран на тротоар!
Колку што се сеќавам, за тоа никој не се бунеше?
Едит: наместо да си ја чукнеме главата и да видиме зошто немаме 1000-1500€ плата, па да можеме нормално да си ги плаќаме
нормалните сметки… Ние се фаќаме за опашот, и се буниме да ни се намалат сметките