Се заразив со климиве, очи ми истекоа. По 5 саати читање на форумов, вклучително последниве ваши размислувања и совети, и селектирање на модели од понуденото во МК излезе дека треба да гледам неколку параметри:
1. Просечна/максимална моќност (се задржувам на 3,5-4,2 kw инверетор),
2. SCOP (пред сè ме интересира греење и би требало по можност коефициентот да биде барем над 4,5, што би рекло А+++, SEER не ми е толку битен фактор, при ладењето секако не е сериозна разлика во потрошувачка. 20 години се ладиме со обична клима и никогаш не потрошила повеќе од 1.500 денари месечно. Плус во прашање се два месеци, јули и август, останатите топли месеци се занемарливи. Актуелната NEO, да не ја урочам, веќе четврта година лади фантастично и ненормално е тивка),
3. Проток на воздух и број на нивоа на филтрација,
4. ЦЕНА - бааги битен фактор.
Ми се издвоија следните клими:
klimi.net.mk
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 3 години
www.klimi.mk
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 3 години
www.klimi.mk
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 5 години
www.klimi.mk
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 10 години
www.klimi.mk
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 10 години
www.klimi.mk
Плус има некои модели и кај Хидросет, онака на прва со добри карактеристики и цени горе-доле како и останатите, ама за мене тотално непознати марки, па не ги земав во предвид.
Е сега за горе наведените. Огромни разлики во цени.
COOPER&HUNTER ARCTIC2 е 41.000, а по перформанси делува многу добра. Грее до -25, SCOP 5,2, 7 брзини на проток и максимални 700 м3, најтивка од сите со 21-38 dB, цел пакет филтри, вграден wi-fi и уште милион опции и можности. Можеби останти залихи по стари цени, можеби маркетиншки памфлет, мада позната марка. Најблиску до него се Хаиер со 42.000 и Хисенс со 50.000 денари, Виваксот е 60.000, а двата модели на Гри 66.000 денари. Во моментов за мене прескапи, мада инвертор не се купува секоја година. Идејата ми е сега да земам еден, а некаде октомври-ноември евентуално уште еден помал за во спалната, па нека се помагаат преку отворена врата.
И една битна работа - не ме бива или немав среќа да најдам податоци за реален капацитет на греење при надворешна температура -10. Сите тука го вадите овој фактор за многу битен. Препораки и совети???