Хе, што сте ме запнале ти и
@riker зами па земи клима... ама не ми се зема. Всушност, ми се зема некоја поефикасна ама не ми се фрла исправна клима, оваа запнала па тера, изгледа сака јубилеј 25 години да направи

, а уште малку и фали... Туку муабетот беше дека јапонските почетни модели се блиску со цената на кинеските средни модели, а во другото има доста разлика. А тоа дека на поголемиот дел компресорите им се од Кина не значи многу, сигурно ќе се сложите дека на пр. кога Мидеа или ГМЦЦ прави за Вивакс и за Даикин, не прави од ист материјал, со иста контрола и по исти проектни барања, затоа што доколку се исти, Вивакс не би можел да биде толку поефтин од Даикин. Сите познати марки на коли се прават барем во 5-6 држави и секаде се со уедначен квалитет, +/- 5% нека е разликата. На времето Голф с склопуваше и доработуваше во ТАС Сараево и една година беше прокласен за поквалитетен од сите други голфови, па дури и од германскиот. Ова
@tzlatko сигурно се сеќава. Или Најк се прави во Виетнам, Кина и Малезија ама пак патиките се со цена 4-6,000, а не се ко новите кинески фирми 2,000. Многу познати фирми избегаа со производството во Кина и другите азиски земји со понизок стандард, но сериозните си го чуваат името со квалитет. Не залудно Хисенс сеуште за Балканот го употребува името Горење, иако од тоа Горење што го знаевме нема ништо. А на Грее сеедно му е утре и да се ребрендира во на пр. Гријаж (ова за инает на
@Strelec 

Инаку, во 2020 и 2021 кога работев од дома климата на ладење ми работеше од 09.00-24.00 и подоцна, а најтоплите ноќи и цело време, просечно 15 часа, сега во зима на Ауто работи 24 часа, освен последниве 2-3 дена.